15 Мај, 2024
0.0417

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови 40 заболени од Ковид 19, но и реакции за 58 часовниот карантин

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

ДЕНЕС НОВИ 40 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД -19

Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство. од новозаболените од Скопје се 26, од Куманово 1, од Прилеп, 1, од Тетово 10, Велес -1 и Битола-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, а почина и пациент од Прилеп кој имал 56 години и кој бил лекуван на клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје, лекуван на клиниката од 12 мај.

Досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје. 

Претходно имаше и еден позитивен од градинка од Битола.

ВМРО-ДПМНЕ Е ПРОТИВ КАРАНТИНОТ ЗА ПРАЗНИКОТ

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не се согласуваат со предлогот за 58-часовен карантин во текот на продолжениот викенд кој ќе ги опфати празниците Рамазан Бајрам и Св.Кирил и Методиј.

"Нелогично е да се објави дека рестораните ќе бидат отворени од вторник, додека ќе биде задолжително да останете дома во текот на продолжениот викенд. Со други зборови, недела и понеделник се опасни според владата на СДСМ, додека вторникот не е", велат од ВМРО.

Од најголемата опозициска партија ценат дека и за празникот Велигден рестрикциите на движењето биле многу строги и дека сега повторно го споделуваат истото мислење за следните два празници.

СЕ ОГЛАСИ ИВЗ

ИВЗ уште вчера објави дека нема да го почитуваат полицискиот час за време на претсојниот викенд кога е празникот Рамазан Бајрам, заради што денеска донесоа дополнителни мерки кои бараат да бидат спроведени од страна на верниците и џамиите. 

Исламската верска заедница денеска соопшти дека нема да се одржи традиционалната манифестација за празникот Рамазам Бајрам. Откажана е од  страна на Ријасетот заради актуелната состојба со корона вирусот. Главната препорака се однесува на однесувањето на верниците во џамиите, па од ИВЗ велат молитви да се практикуваат најмногу во дворовите на џамиите. Истовремено препорачуваат задолѓителна дезинфекција при влез во џамиите, а верниците со себе да си понесат седеџе. 

ИВЗ информира дека тоалетите и местата за земање абдест ќе бидат затворени. 

БРОЈОТ НА ТЕСТИРАЊА ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ

Во епидемиолошкиот прашалник ќе се направат извесни промени со цел да се зголеми бројот на тестирањата, а ваквата одлука за Фактор ја потврди директорот на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, д-р Ангелчо Андоновски, кој истовремено е член на Комисијата за заразни болести.

- Здравствените власти во заедничка сосработка со Комисијата за заразни болести, Мој термин, Институтот за јавно здравје и Центарот за одлучија да се поедностави и прошири опфатот на тестираење кај сите лица кои што сметаат дека им е неопходен Ковид тест. Ваквата мерка ќе се донесе, односно алгоритмот ќе претрпи извесни промени за да има поголем број на тестирања и да не се случи да дојде до несакани отфрлања од системот, вели д-р Андоновски за Фактор. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Откако во Македонија на 18 март беше прогласена вонредна состојба поради коронавирусот, и таа сѐ уште трае, бројот на патници во железничкиот сообраќај е драстично намален.

Комисијата за заразни болести оценува дека состојбата со епидемијата на корона вирусот е смирена, односно дека со досегашните мерки и начиниот на менаџирање е ставена под контрола.

Кој знае и го бива, од кетеринг или приготвување и послужување храна прави милиони евра.

Народниот правобранител Иџет Мемети за ограниченото движење на граѓаните од 19.00 часот до 05.00 часот следниот ден вели дека за овие рестрикции кои траат веќе трет месец не може да се каже дека ги загрозуваат основните човекови права затоа што се засновани исклучително на мислењето на стручните лица, односно на инфектолозите.

Анализите готови, ама нема конкретни информации како и кога дравата ќе се заземе проактивно и ќе донесе одлука со која ќе стави крај на манипулациите и злоупотребите со екстралесното масло за домаќинство кое како поевтино се користи како дизел за транспорт.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното