20 Април, 2024
0.0276

Владата бара време за црвената нафта, Макпетрол побрзо решение

Објавено во: Економија 21 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Анализите готови, ама нема конкретни информации како и кога дравата ќе се заземе проактивно и ќе донесе одлука со која ќе стави крај на манипулациите и злоупотребите со екстралесното масло за домаќинство кое како поевтино се користи како дизел за транспорт. Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска потврди дека допрва ќе се носат системски решенија. Не се знае зошто се губи толку време кога и државата губи пари од овие малверзации. Од „Макпетрол“ за Фактор велат дека тоа решение мора да се донесе во најкус можен рок затоа што тоа е во интерес на граѓаните и на државата. Фактор веќе пишуваше дека Стопанската комора, но и познавачите побараа изедначување на акцизата на ЕЛ-1 со таа на дизелот или зголемување на оваа давачка за девет денари. Иако Министерството за финансии најави дека прави анализи пред речиси еден месец, дури сега министерката вели дека се готови ама нема најави за конкретни промени

Анализата за акцизата на екстра лесното гориво е изработена од Царинската управа и очекуваме во текот на следната недела да имаме заеднички состанок и да ги погледнеме резултатите и од таму да преземеме соодветни чекори за системски решенија, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

Од „Макпетрол“ велат дека Владата предолго го одолговлекува ова прашање, имајќи предвид дека по завршување на вонредната состојба, Владата нема да биде во можност да носи уредби со законска сила, а целиот процес ќе се одолговлече и ќе продолжи злоупотребата на екстралесното гориво.

„Неизедначувањето на екстралесното гориво со дизелот ги оштетува граѓаните, Државата и компаниите кои работат со нафта и нафтени деривати. Граѓаните ќе продолжат да користат неквалитетно гориво кое содржи стопати повеќе штетни материи, државата ќе има помалку средства во буџетот, а дистрибутерите ќе бидат оштетени поради можноста за шверц. Дополнително, зачудува фактот што државата продолжува да се задолжува со дополнителни средства со цел да обезбеди средства за спасување на економијата, а притоа не покажува интерес и желба, преку регулација на пазарот, да ги наплати давачките кои и следуваат, велат од Макпетрол.

Додаваат и дека изедначувањето на акцизата на екстралесното гориво со дизелот ќе овозможи контрола на квалитетот на горивото што се користи, ќе оневозможи злоупотреба, а на граѓаните ќе им го заштити здравјето, со користење гориво според европските стандарди. Тврдат дека единствени кои профитираат од оваа недоречена состојба се оние кои прават злоупотреба со екстралесното гориво.

И министерот за економија Крешник Бектеши денеска не одговори конкретно кога може да се донесе ваква одлука. Потенцираше дека тоа треба да се направи по опсежни анализи со сите податоци.

„Сите иснтитуции работат експедитивно се со цел да имаме одлука, каде што сите што користат и моментално екстра лесно да бидат известени навреме. Како што знаете екстра лесното може да се користи само од октомври до  април, а во текот на другите месеци нема право и со постоечките законски решенија да се  користи, изјави Бектеши.

Фактор веќе пишуваше за потребата од изедначувањето на акцизите на црвената нафта со акцизите на дизелот. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ