20 Април, 2024
0.0377

ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА СИ ГО НАПРАВИ СВOETO: Огромен пад на бројот на патници во возовите

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Откако во Македонија на 18 март беше прогласена вонредна состојба поради коронавирусот, и таа сѐ уште трае, бројот на патници во железничкиот сообраќај е драстично намален.

Оваа информација ја потврдуваат од Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД Скопје.

„Бројот на патници е драстично намален од кога стапи на сила вонредната состојба на 18 март. За илустрација, бројот на патници кои  ги користеа нашите услуги во март и април 2019 беше околу 1.800 патници дневно, додека во истиот период од оваа година, бројот на патници изнесува околу 200. Што се однесува на релациите на кои имаме најмала фреквенција на патници, тоа се Куманово, Кочани и Кичево. Треба да се има во предвид дека некои возови воопшто не сообраќаа или не сообраќаат, во зависно од тоа како се одредуваше забраната за движење“, вели Беким Лачи, задолжен за односи со јавност во Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД Скопје.

Пред да се појави заразата со коронавирусот во земјава најмногу патници имаше во возовите кои сообраќаа на релација Скопје – Велес и Скопје – Битола.

Владата на денешната 55-та седница го прифати предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово. По скоро два месеци во градот ќе се врати превозот.

Но, не е на удар само железничкиот сообраќај.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 16 492 илјади во првото тримесечје од 2020 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 17 отсто. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 16.9 отсто, во приградскиот превоз за 16.3 отсто, во меѓуградскиот превоз за 19.6 отсто, а во меѓународниот превоз за 33.2  отсто.

Во првото тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 25.7 отсто. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 4.1 отсто, во приградскиот превоз за 40.8 отсто, во меѓуградскиот превоз за 20.1 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 30.5 отсто.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите