28 Март, 2024
0.0362

Народен правобранител Иџет Мемети: Во ова време меродавни се само мислењата на инфектолозите

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Народниот правобранител Иџет Мемети за ограниченото движење на граѓаните од 19.00 часот до 05.00 часот следниот ден вели дека за овие рестрикции кои траат веќе трет месец не може да се каже дека ги загрозуваат основните човекови права затоа што се засновани исклучително на мислењето на стручните лица, односно на инфектолозите.

„Во услови на прогласена вонредна сосотојба, определени мерки во вид на забрани се неизбежни, а се додека тие се сразмерни на ситуацијата( справување со опасноста од ширење на вирусот) сметам дека истите се оправдани. Кога станува збор за полицискиот час и неговото времетрање и оваа мерка како и сите други се определуваат на предлог на стручни лица, кои  ја следат  и секојдневно ја  ценат состојбата, што значи дека во ова време меродавни се милењата и ставовите на  лекарите, инфектолозите, епидемиолозите и затоа неблагодарно е  лица  од иинституции кои  не се од  оваа областа  да ја преоценуваат  нивната компетентност. Кога и дали ќе има разлабавување на рестрикциите  треба  тие да кажат.

Сепак, како прв човек на  институцијата Народен праобранител чија главна цел е заштита на човековите слободи и права би сакал да потенцирам дека ние секојдневно ја следиме имплементацијата на воведените забрани,организиравме посебен тим кои редовно ги следи сите донесени Уредби од Владата со законска сила, и по потреба упативме свои мислења и предлози со цел почитување на правата на граѓаните.

Во оваа прилика би сакал да го повторам мојот апел  и до властите и до граѓаните. За првите - донесувањето на мерките да биде само во правец на заштита на здравјето на граѓаните и веднаш штом ке се процени дека од нив нема потреба да бидат укинати, а вторите - да ги почитуваат мерките“, гласи ставот кој „Фактор“ го побара од Омбудсманот.

Во прилог на тоа, Мемети вели дека до сега не се пристигнати во неговата канцеларија поплаки од граѓаните или од правни лица во врска со ограничувањата предизвикани од  полицискиот час.

„До институцијата Народен правобранител во овој период никој не се пожалил во однос на мерката полициски час, ниту, пак, за однесувањето на полицијата при неговото спроведување. Препорачувам полицијата професионално да си ги извршува задачите, а граѓаните да  се придржуваат  кон мерките, затоа што целта е иста, заштита на здравјето“, вели Мемети.

Народниот правобранител вели дека секогаш може да се препознаат елементи на нарушување на основните човекови права, но во овој случај приоритет му се дава на здравјето во однос на слободата.

„Секое ограничување во себе крие опасност од прекршување на човековите слободи и права. Размислувањата одат на релациј а- дали слободата треба да ни биде пред здравјето и обратно. Една демократска држава со крајна внимателност треба да ги прави рестрикциите кон човековите слободи и права со цел никој да не се почуствува дискриминиран, или,пак, дека не е во можност да си оствари некое со устав или закон загарантирано право. Од друга страна демократијата подразбира и висока свест кај граѓаните, која значи почитување за општиот интерес“, додава Мемети.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов