26 Април, 2024
0.0280

Како од кетеринг и послужување храна во Македонија се прават милиони евра

Објавено во: Економија 21 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Кој знае и го бива, од кетеринг или приготвување и послужување храна прави милиони евра. Кетерингот и послужувањето храна вртат големи пари, но добивките кај најголемите сепак се дребни во споредба со фирми регистрирани како ресторани или други објекти за послужување храна. Најсупешна е една битолска фирма која лани има профит од 424.000 евра. Прочитајте кои се најголемите послужувачи и приготвувачи на храна...

Кетерингот, подготовката и послужувањето храна можат да бидат профитабилни бизниси од кои во Македонија се прават милиони евра. Тоа се оние професионалци кои работат од позадина и се „невидливи“, а се грижат на семејни или корпоративни прослави да „има од пиле млеко“ за да се грицне и боцне нешто вкусно. Кетерингот и послужувањето храна во земјава зема замав, а веројатно и некои ресторани за големи прослави се потпираат на услугите на „невидливите“.Луѓето ги менуваат навиките и растат нарачките од кетеринг фирми.

Верувале или не бројките покажуваат дека кетеринг компаниите и тие што подготвуваат и послужуваат храна знаат да прават поголеми приходи и од ресторани. Тие зависат едни од други. Во Македонија има успешни компании кои знаат и можат да брцнат во колачот и да го шират бизнисот.

Најголеми приходи во дејноста лани има скопската фирма „Индустри Сервисис“ регистрирана за дејностите од останати услуги за послужување храна лани остварила приход од 2,4 милиони евра што претставува намалување од 7 отсто во однос на лани. Оваа семејна компанија, сопственост на Добрила и Драган Смилковски, лани остварила профит од 56.000 евра што е на половина од профотот остварен во 2018 година.

Од компаниите специјализирани за доставување храна за посебни прилики (кетеринг) лани одличен резултат имала скопската фирма Далма Фуд Кетеринг Сервис сопственост на Дејан Атанасовски. Ова друштво лани остварило приходи од 1,7 милиони евра што за 4 пати подобар резултат од 2018 година. Профитот на компанијата лани изнесува 16.600 евра што за пет пати подобар резултат од претходната година.

Од компаниите кои се регистрирани како ресторани и останати објекти за послужување од достапните податоци лани најголеми биле ресторанскиот оператор на скопскиот аеродром БТА Македонија битолската компанија Марио Матео и Парти Сервис Лео од Скопје.

Турската компанија БТА Македонија лани од продажба на храна и услуги на аеродромот остварила приход од 3,9 милиони евра што е за 11 отсто подобар резултат од 2018 година. Нејзината добивка лани изнесува 34.000 евра и е за 90 отсто пониска од 2018 година. Скопското друштво Парти Сервис Лео лани остварило приходи од 3,2 милиони евра што е за 6 отсто послабо од претходната година. Компанијата на Бобан Мишевски лани остварила 217.000 евра добивка што е за 11 отсто подобар резултат од 2018 година. Битолската фирма Марио Матео лани остварила добивка од 424.000 евра и има најдобар резултат од претходно наевдените две компании кои имаат поголеми приходи. Друштвото чиј сопственик е Драги Филевски лани го зголемило приходот за 12 отсто во однос на 2018 година и тој изнесува 3,1 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти