27 Февруари, 2021
0.0233

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија ќе добие вакцини од Србија, денес нови 63 заразени со коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Јануари, 2021

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ ВАКЦИНИ ОД СОСЕДНА СРБИЈА

Прeмиерот Зоран Заев денеска пред новинарите рече дека Македонија ќе купи 8.000 дози од вакцината Фајзер против Ковид-19 по набавна цена. Тие биле понудени од српскиот претседател Александар Вучиќ како донација, но претседателот на македонската влада рече дека била одбиен предлогот за толкав степен на великодушност.

Тој рече дека во моментов се водат преговори и за руската и кинеската вакцина, кои че пристигнат во Србија во изобилство, но за тоа треба да се проверат договорите дали Србија има право да ги дава на трети земји.

- Сакам да ја споделам оваа среќна вест. Рразговаравме со српскиот претседател Вучиќ и ја прифативме понудата за превземање на 8.000 дози од фајзеровите, а за другите тие прво ќе видат во договорите дали ќе може тоа да го направат за друга земја. Сакам да се заблагодарам до српскиот народ што солидарно сакаат да споделат со својот јужен сосед. Иако ни беше понудено како донација, ние ќе ги купиме по набавна цена затоа што имаме пари за тоа, рече Заев.

ДЕНЕС НОВИ 63 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 529 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-42, Куманово-3, Тетово-2, Прилеп-2, Гостивар-1, Штип-1, Битола-1, Велес-2, Охрид-1, Струмица-2, Кавадарци-1, Неготино-1, Виница-1, Пробиштип-2, Крушево-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: Скопје-101, Штип-7, Битола-4, Охрид-22, Кавадарци-9, Струга-4, Кочани-4, Неготино-5, Дебар-7, Крива Паланка-3, Ресен-2, Радовиш-1, Берово-3, Пробиштип-2, Демир Капија-2.

Починати се 13 лица, пет пациенти од Скопје (69, 72, 77, 66 и 66г), два од Велес (66 и 80г), три од Струга (74, 87 и 73г), еден пациент од Кратово (52г), еден од Крушево (79г) и еден од Демир Капија (62г). Пациентите се починати во болнички услови.

КАЗНЕТ ПРАТЕНИК КОЈ СЕ СНИМАШЕ ДОДЕКА ВОЗИ

Пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски, снимаше видео на мобилен телефон додека возеше. Видеото го објави на социјалните мрежи пред три часа, а во меѓувреме полицијата соопшти дека е казнет поради користење на мобилен телефон додека управува возило.

Во видеото поранешниот директор на Службен весник ги фали политиките на владеачката партија.

„Доаѓаат убави денови за Јавните претпријатија во Куманово и државата. Предлог-закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните претпријатија. СДСМ ги исполнува дадените изборни ветувања, претпријатијата да работат, а не да враќаат долгови со години“, напиша Костовски на Фејсбук.

Веднаш потоа Министерството за внатрешни работи соопшти дека е казнет пратеник, кој зборувал на телефон додека вози.

МИЈАЛКОВ И ЈАНКУЛОСКА СЕ ПОЈАВИЈА НА СУД

Екс министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не знаела дека комисијата која со нејзина одлука е формирана во УБК ја уништила опремата за прислушување со која се следени телефоните на повеќе од 20.000 граѓани.

Јанкулоска ова го кажа на денешното рочиште во случајот „Таргет-Тврдина“. Таа во судот изјави дека за уништувањето на опремата дознала дури кога СЈО отвори истрага за овој случај.

„До вакви сознанија дојдов кога СЈО го отвори предметот „Тврдина„ кој се однесува на уништувањето на опремата. Од оваа перспектива, гледајќи ги писмените документи, без да се имаат предвид изјавите на сведоците, невозможно е да се препознае за што точно станува збор во таа постапка каде што била уништена опремата“, рече Јанкулоска.

Таа додаде дека Комисијата и нејзините членови се должни да ги почитуваат правните стандарди и дека  имале голема одговорност. Вo случајот таа е обвинета  за уништувањето на опремата за прислушување. 

СОБИРОТ ВО НИЖЕПОЛЕ БИЛ СПОНТАН

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, споредувајќи ги ситуациите во Вевчани, каде што карневалот беше растурен од полицијата, и во Нижеполе, каде непречено се собраа голем број на битолчани на промотивното скијање, рече дека се работи за два различни настани.

- Во Вевчани се работеше за настан кој требаше да биде успешно организиран, додека во Нижеполе собирот беше спонтан. Ова е практично спонтано собирање на граѓани. Ние имавме полициски службеници и на Попова Шапка и во другите скијачки центри, меѓутоа немојте да очекувате дека МВР треба да биде единствено кое ќе треба да влијае во однос на ваквите настани, рече Спасовски, одговарајќи на денешната прес-конференција.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Кога се има вистинска идеја во вистинско време, и кога новините што ги бара пазарот и потрошувачите навреме ќе се препознаат, напредокот и развојот нема да изостанат. Токму таков пример на иновативна и креативна замисла, сега преточена во успешен бизнис, е „Bar and breakfast factory“, наменета за производство на барови, односно здрави ужинки, кои се повеќе се користени од граѓаните ширум светот што држат до својата правилна исхрана. 

Таканаречените блокади во главите на спортистите не се ретка појава, ама како што искуството е поголемо блокадите се обратнопропорционални и треба да се помали, вели проф. Д-р Мирослав Пендароски за Фактор.

Владата на своја иницијатива му даде милион евра на АД Електрани на Северна Македонија како аванс за да ја докупи поранешната зграда на ЕВН во строгиот центар на Скопје.

Пандемијата на коронавирусот беше голем здравствен предизвик, но предизвика и сериозна економска криза, ширум светот, па и во Македонија. Регистриран е пад на економската активност во услови на пад на извозот, потрошувачката и инвестициите. 

Во последните години, органското производство на лешници доживува експанзија во земјава. 

Можеби ќе ве интересира

Од понеделник ќе се попишуваат иселениците, вработените во ДКП, затворениците и бездомниците

Од понеделник ќе се попишуваат иселениците, вработените во ДКП, затворениците и бездомниците

Христијан Мицкоски заразен со коронавирусот

Христијан Мицкоски заразен со коронавирусот

Ангелов: Скандирањето „УЧК“, „Етничка Албанија“ и каменувањето на полицајците не водат кон помирување

Ангелов: Скандирањето „УЧК“, „Етничка Албанија“ и каменувањето на полицајците не водат кон помирување

Во последниот квартал лани се родиле 4.935 деца

Во последниот квартал лани се родиле 4.935 деца

Денес уживајте во убавото време, утре ќе имаме за 10 степени пониски температури

Денес уживајте во убавото време, утре ќе имаме за 10 степени пониски температури

Филипче за Јота: Верувам дека ќе се избори и ќе закрепне иако повредата е многу сериозна

Филипче за Јота: Верувам дека ќе се избори и ќе закрепне иако повредата е многу сериозна

БРЗ ТЕСТ ЌЕ ИМА И ЗА КАМИОНЏИИТЕ: Воведени се нови мерки за влез во Грција

БРЗ ТЕСТ ЌЕ ИМА И ЗА КАМИОНЏИИТЕ: Воведени се нови мерки за влез во Грција

Во земјава се дијагностицирани 101.762 случаи на коронавирус

Во земјава се дијагностицирани 101.762 случаи на коронавирус

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Колку стогодишници живеат во Македонија?

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Колку стогодишници живеат во Македонија?