„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава
Објавено во: Македонија 26 Април, 2024
Активистката и професорка Катарина Колозова по изборниот пораз на СДСМ, вели дека тие воопшто не се ни труделе да победат.
„СДСМ ко едвај да чекаше да изгуби... Чудо. Не се ни трудеа нешто. Стево умира од досада на дебата на МТВ. Нивни интелектуалци, мљацкаат на коктели уште пред месеци и ми викаат - „а бе они ќе победат, ама не се секирај ќе гласаат за Уставни.“ Борба? Ма нее.. Изгледа мрза ги фати. Нема везе, ние тераме со „новата рамка“ што ќе ја обезбеди Марјан Ѓорчев кој синоќе ни кажа дека ЕУ па може и ќе се распадне (ало! и да е така, тоа е геополитички центар: и да е друга структура и друго име, пак ќе е истата работа), а „рамката“ само што не е „преиспреговарана.“ Не бива од територијава држава. Нема кој да не' вади од паланкава - елитите имаат консензус дека остануваме во калта“, напиша таа.