20 Април, 2024
0.0254

ДОАЃА ВРЕМЕТО НА ЗДРАВАТА ХРАНА - како мала фирма за барови ги освои домашните потрошувачи

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Кога се има вистинска идеја во вистинско време, и кога новините што ги бара пазарот и потрошувачите навреме ќе се препознаат, напредокот и развојот нема да изостанат. Токму таков пример на иновативна и креативна замисла, сега преточена во успешен бизнис, е „Bar and breakfast factory“, наменета за производство на барови, односно здрави ужинки, кои се повеќе се користени од граѓаните ширум светот што држат до својата правилна исхрана.  

Фирмата е фрмирана е во 2018 година, а со производство стартуваше една година потоа, во 2019, но сега веќе е препознатлив бренд на домашниот пазар, а има и извоз во неколку држави. Стартуваше скромно, со само четворица вработени, но сега нивната бројка е двојно зголемена.

За тоа кој беше мотивот да се направи обид со една ваква фабрика, што беше пресудно да се стартува токму со овој а не со некој друг бизнис и дали и какви препреки се појавија на патот, Фактор разговара со Дарко Димитровски, еден од сопствениците на „Bar and breakfast factory“.

„Идејата произлезе доста спонтано, како резултат на зголемената побарувачка за здрави снекови, односно ужинки и појадоци. Моето долгогодишно искуство во кондиторската индустрија и производтсво ме насочи кон овој брзорастечки тренд на потрошувачите за здрава исхрана и брзи ужинки. Од таму произлезе идејата, а после темелното истражување на пазарот, ни покажа дека брзиот начин на живот и недостигот на време, особено на помладите генерации, наметнува побарувачка за храна која е ready to use и вкусна. Сепак, лесниот пристап до информации и напредокот на технологијата, придонесуваат потрошувачите се повеќе да се едуцираат, читаат, а со тоа и да се грижат за своето здравје. Нашата замисла и идеја беше да се создаде производ кој е совршена комбинација на вкусно и здраво, а сепак лесно достапно и спремно за конзумација. Од таму дојде и идејата за јаткастите плодови, кои се полни со минерали и витамини и се сметаат за супер храна“, објаснува Димитровски.

Тој објаснува дека во целата оваа бизнис приказна не е сам, туку со својот партнер, со кој од самите почетоци ги имале истите размислувања околу производите и развојот на нивната фирма.

Од основната идеја, па се до производство на првото форест барче поминала точно една година. Година на сериозни подготовки кои се неопходни за еден нов бизнис. Првенствено, секако, основачите требало да обезбедат соодветна технологија за производсво на барчињата кои ги имале замислено, и нормално, рецептури за нивното производство.

„За развојот на нашите барови ни помогна лабороторија од Германија со чија помош се произведоа првите парчиња. Очекувано, почетоците беа скромни и секако најголем прдизвик беше како да се постигне распространетост на нашите производи и самата пенетрација на домашниот пазар. Многу сме благодарни на маркетите во Македонија за несебичната поддршка која ни ја пружија и ни дозволија влез во нивните продажни места. Нормално, требаше време за потрошувачите да не запознаат и препознаат“, објаснува Димитровски.

Тој и неговиот партнер се особено горди што иако се на почеток, сепак успеале и да извезуваат. Па така, во Косово имаат партнер со кој соработуваат веќе две години и таму оди добро продажбата на нивните производи, а исто така, имале извоз и во Либан, Ирак, како и во соседна Србија.

Нивните барови содржат преку 65 отсто јаткасти плодови, семки или сушено овошје. Или, целта била да се создаде што е можно поздрав, но сепак вкусен производ. Ценовно се наоѓаме на high end на потрошувачката, објаснува сопственикот.

Инаку, оваа индустрија расте полека но сигурно во последните 20 год. Но, на тој пазар веќе се создаде и голема конкуренција, што е здраво за уште поголем ангажман за квалитет на самите компании.

„Нашата индустрија е во подем, а исто така и нашата конкуренција. Покрај потрошувачите, сметам дека и здравата конкуренција е двигател на растот и развојот на една фирма, односно на самата индустрија“, објаснува Димитровски.

Иако се мала и млада компанија, тој вели дека пред нив гледа голема перспектива. За една година откако се на пазарот, „Bar and breakfast factory“ лансираше повеќе од 10 производи, а во подготовка се уште неколку сосема нови продукти, кои ќе излезат на пазарот оваа година.

„Веќе сме стигнати до лансирање на нашите нови производи кроканти и сусамки, како и овесните ужинки со сушено овошје. Нашата цел е да ги освоиме потрошувачите и нивната доверба и лојалност во однос на квалитет, вкус, и секако поволна цена. Свесни сме дека пазарот и потребите на потрошувачите се динамични и брзо се менуваат, и желни сме да се менуваме и ние во тој правец. Целта ни е да бидеме едни од лидерите во Македонија за производство на барови и снекови, како и препознатливи во регионот и пошироко“, објаснува Димитровски.

Компанијата во моментов набавува нови машини, кои треба да пристигнат во секој момент и со кои ќе произведува различни видови на ужинки. Овој проект го реализирале заедно со ФИТР, а очекувањата се дека значајно ќе ги зголеми нивните капацитети. 

Ковид кризта не ја одмина и нивната компанија, каде се почувствувало нејзиното влијание. На домашниот пазар не почувствувале некои поголеми турбуленции, па дури имале и зголемување на продажбата. Но, поради затворањето на границите и тешката циркулација низ регионот, се соочиле со откажување на повеќе нарачки од странство.

„Сепак, ги следевме препораките од Владата за строго почитување на мерките и одговаравме согласно нив. Не знаеме како кризата ќе се развива понатаму, иако се надевме дека вакцината ќе ја спречи пандемијата, но имаме подготвено повеќе сценарија. Она што можеме да го заклучиме од оваа ситуација е значајноста на домашното производство, како и дека тоа треба постојано да се поттикнува“, вели Димитровски.

Инаку, тој смета дека најважен фактор за домашната, но и за глобалната еконмија е сузбивањето на ковид пандемијата. Во кој правец ќе се движи економијата најмногу ќе зависи од тоа до кој степен ќе успее да се контролира самиот вирус. Се надева на позитивен исход односно на олабавување на сите мерки со почеток на летото, што би придонело за послободно движење на стоките и услугите и секако, за побрзо закрепнување на економијата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите