03 Декември, 2024
0.0536

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

Објавено во: Економија 24 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Само една третина од ланскиот чист профит ќе оди за дивиденда, а другите две третини ќе бидат инвестирани, со цел компанијата и натаму да продолжи со позитивни резултати.

„Прилепската пиварница“ ги објави намерите кои многумина ги очекуваа, а кои се однесуваат на тоа како компанијата ќе ја распредели својата прилично сочна добивка од близу два милиони евра остварена во минатата година, или прецизно 1,99 милиони. Тие сега се формулирани во предлог одлука за распределба на дивидендата, за која ќе гласаат акционерите на Собранието кое ќе се одржи на 23 мај оваа година.  

Притоа, од два милиони евра добивка, акционерите ќе донесат одлука како дивиденда да се распределат  714 илјади евра, додека, пак, многу поголем дел ќе оди за инвестиции, и тоа 1,27 милиони евра.

„Со оглед на тоа што Прилепска пиварница во 2023 година остави нето добивка во износ од 122.133.060 денари, а во интерес на континуитет на инвестициските вложувања, но и исплата на дивиденда за сопствениците на обичните акции, беше одлучено дел од добивката во износ од 78.239.672 денари да биде задржан за инвестиции, односно реинвестирана добивка, додека делот од добивката во износ од 43.893.388 денари да биде наменет за дивиденда за акционерите на обични акции“, се вели во образложението на оваа предлог одлука.

На акционерите ќе им се исплати дивиденда за лани во висина од по 1.111 денари бруто за една акција.

Од компанијата наведуваат дека последен датум на тргување со право на дивиденда e 10 јуни, прв датум на тргување без право на дивиденда е 11 јуни, а датум на стекнување на право на дивиденда за 2023 година е 12 јуни оваа година. Исплатата на дивидендата ќе се случи најдоцна до 30 септември, а парите ќе стигнат на трансакциските сметки на акционерите.

Со оглед што се знае колку пари компануијата ќе издвои за дивиденда, веќе може да се пресмета колку од неа ќе се офајдат акционерите, но и кои се тие.

Како што е познато, а и како што говори ЦДХВ, двајца најголеми но воедно и единствени акционери кои поседуваат над пет отсто од капиталот се братот и сестрата Сашко и Панде Самарџиоски. Имено, и двајцата располагаат со по 36,32 отсто од акциите, што значи дека од дивидендата која е планирано да се исплатува, тие ќе добијат по близу 260 илјади евра секој од нив.

Од Прилепска пиварница дивиденда ќе земат и 15 домашни компании, кои вкупно поседуваат 15,97 отсто од капиталот, што значи дека тие меѓу себе ќе поделат околу 114 илјадуи евра. Во компанијата има како акционери и седум странски фирми, кои располагаат вкупно со 3,57 отсто од акциите, како и 16 физички странски лица, кои имаат 1,93 отсто од акциите, и тие ќе добијат дивиденда согласно нивниот процент.

А, покрај Сашко и Панде Самарџиоски, во пиварницата има како акционери уште 106 домашни физички лица, кои вкупно поседуваат 5,89 отсто од акциите и кои ќе поделат како дивиденда сума од над 68 илјади евра, сразмерно на процентот на акции кој го поседуваат.

Инаку, треба да се спомене дека добивката на Пивара Прилеп лани во однос на една година претходно е зголемена за над 67 проценти.

„Тоа ја истакнува состојбата на враќање кон попозитивни финансиски остварувања односно одржување на конкурентноста и виталноста на друштвото во сепак тешка деловната година за работење, а кои се остварени пред се со производство и промет на висококвалитетни производи како што се сопствените пива и тоа Златен даб и Крали Марко, безалкохолните газирани пијалоци од лиценцната програма на Пепси Кола, како и безалкохолниот газиран пијалок од домашната програма Газоза. Презентираните резултати лани се остварени и со учество на трговското работење пред се со брендовите Карлсберг и Туборг од Романија, со Књаз Милош од Србија, Аква Вива и Тубе“, се вели во годишниот извештај кој исто така на годишното собрание ќе го усвојат акционерите.

Компанијата известува и дека лани вложиле 4,7 милиони евра, и тоа целосно на товар на сопствените средства, односно од акумулираните добивки и од амортизацијата, како од тековните средства така и од орочените заштеди во банки, без при тоа друштвото да се задолжува кај банки и да продуцира обврски и трошоци по основ на камати.

И за 2024 година Прилепска Пиварница АД – Прилеп планира да го продолжи инвестициониот циклус. Во 2024 год. планирани се инвестициски вложувања во износ од околу 2 милиони евра во опрема и основни средства“, се вели во годишниот извештај.

А, за сите овие резултати добри награди и плати пртимиле директорите на компанијата. Односно во годишниот извештај се информира дека вкупно како примања на членовите на Управен одбор и на Надзорен одбор во текот на 2023 година исплатен им е бруто износ од 500 илјади евра.

Инаку членови на Управниот одбор се Сашко Самарџиоски, член, Генерален директор и Претседател на управен одбор, потоа Панде Самарџиоска, член, Заменик на Генерален директор, а членови се и Катерина Митреска, Димитар Тодороски, Коста Мијоски, Јане Ангелески и Владимир Блажески. Додека, пак, членови на Надзорниот одбор на Прилепска пиварница  се Александар Чатлески, кој е и Претседател на Надзорен одбор, како и Методија Самарџиоски и Александар Димитријески.

Н.Н.Ф.  

Фото: Unsplash

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА: Македонија до 2030 со 15.000 зелени работни места, помали сметки за струја - зелени можности за соработка и со Германија

БОЖИНОВСКА: Македонија до 2030 со 15.000 зелени работни места, помали сметки за струја - зелени можности за соработка и со Германија

ДА ПОЧНЕ ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО: Локалните власти во Ќустендил бараат изградба на автопатот и пругата до Македонија

ДА ПОЧНЕ ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО: Локалните власти во Ќустендил бараат изградба на автопатот и пругата до Македонија

ФИРМИТЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ: Над 10.000 слободни работни места има во Македонија

ФИРМИТЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ: Над 10.000 слободни работни места има во Македонија

ЛЕВИЦА: Не за пензија на 67 години - пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот

ЛЕВИЦА: Не за пензија на 67 години - пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот

Божиновска во ХЕЦ Тиквеш - водостојот на критичното ниво, последица од несовесно управување – времето за акција е сега

Божиновска во ХЕЦ Тиквеш - водостојот на критичното ниво, последица од несовесно управување – времето за акција е сега

Јанкоски во „Бизнис клуб“: Потребна е поголема афирмација на успешните македонски бизнисмени

Јанкоски во „Бизнис клуб“: Потребна е поголема афирмација на успешните македонски бизнисмени

НЕМА ДА ИМА ПОНИСКА ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Оваа компанија ги зголемува платите од 1. јануари

НЕМА ДА ИМА ПОНИСКА ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Оваа компанија ги зголемува платите од 1. јануари

АКО ЧЛЕНОВИТЕ НА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ САКААТ ДА ПОМОГНАТ ВО КРПЕЊЕ НА БУЏЕТОТ ВО ПИОМ, НЕКА ПЛАЌААТ ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ: Остра реакција на Трендафилов од ССМ

АКО ЧЛЕНОВИТЕ НА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ САКААТ ДА ПОМОГНАТ ВО КРПЕЊЕ НА БУЏЕТОТ ВО ПИОМ, НЕКА ПЛАЌААТ ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ: Остра реакција на Трендафилов од ССМ

ДНЕВНО ОД ФАБРИКАТА ИЗЛЕГУВААТ ДЕСЕТИЦИ ВОЗИЛА, НО НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ СЕРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО - електричната панда ја очекуваат подобри времиња

ДНЕВНО ОД ФАБРИКАТА ИЗЛЕГУВААТ ДЕСЕТИЦИ ВОЗИЛА, НО НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ СЕРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО - електричната панда ја очекуваат подобри времиња