20 Мај, 2024
0.0262

Фактор дознава: Бугарска компанија го презема ФЕНИ

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Фактор ексклузивно дознава дека ФЕНИ ќе добие нови сопственици. Кунико и Енекод со задоволство соопштуваат дека постигнале договор за преземање на ФЕНИ со целосна продажба на сопственичкиот удел. Двете страни интезивно работат на потребната документација за што побрзо да заврши преносот на сопствеништвото на ФЕНИ во рецете на Енекод.

Енекод е регионален лидер во Балканот за производство и достава на електрична енергија со седиште во Бугарија. Во својство на добавувач на електрична енергија Енекод веќе е етаблиран бизнис партнер на ФЕНИ.

Енекод е добро запознаен со проблемите со кои ФЕНИ се соочува и е силно посветен за менаџирање и поддршка на ФЕНИ на долг рок. Бидејќи трошоците на ФЕНИ за производство најмногу зависат од цената на струјата тука постои очигледна синергија помеѓу бизнисот со фероникел на ФЕНИ и бизнисот со струја на ЕНЕКОд.

Енекод е убеден дека со оваа сингергија ќе обезбеди долготраен раст и стабилност на ФЕНИ.

Кунико и Енеког го разбираат притисокот на ФЕНИ и моменталната состојба. Затоа странките и нивните советници интезивно работат на финализирање на ФЕНИ во сопствеништво на Енекод во најкраток можен рок.

Енекод веќе започна со наоѓање на решенија за најитните проблеми на ФЕНИ, депонираше 3 милиони евра во својата банкарска сметка во Македонија за овие средства да бидат подготвени за непосредна инвестиција во ФЕНИ штом контролата ќе ја презеде Енекод.

Со овој развој на настаните Кунико, ФЕНИ и Енекод сакаат да им се обратат на сите кредитори, добавувачи и вработени кои се заинтересирани за добрата иднина на ФЕНИ. Од Енекод искажуваат благодарност до сите нив за трпението во изминатите денови, недели и месеци што овозможи трансакцијата меѓу Кунико и Енокод да се реализира.

Енекод ќе започне да работи со сите релевантни инвеститори за да најде решенија за проблемите со кои сега ФЕНИ се соочува и побараа поддршка од сите страни.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање