20 Мај, 2024
0.0401

Евробарометар:ЕУ треба да им помага на државите во развој

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Осумдесет и пет проценти од жителите на ЕУ сметаат дека Европа треба да продолжи да ги помага државите во развој и покрај економската криза. Таа констатација денеска ја искажа европскиот комесар за развој Андрис Пиебалгс за време на Европските денови на развојот, соопшти ЕК. Новата анкета на Евробарометар покажува дека 61 отсто од Европејците сакаат зголемување на помошта, со која би се справиле со сиромаштијата. Во исто време 55% сметаат дека државите со бразорастечки економии не треба да добиваат повеќе помош. 61% од анкетираните сметаат дека помошта треба да се фокусира врз нестабилните држави кои се погодени од конфликт или природни катастрофи. 44% се подготвени лично да дадат повеќе средства за продукти кои поддржуваат развој. „Охрабрен сум од фактот дека за повеќето Европејци, солидарноста продолжува да биде длабоко вкоренета вреност и покрај тоа што самите се во тешка економска состојба“изјави Пиебалгс. Резултатите од анкетата на Евробарометар„Солидарност без граници-Европејците и развојот“, беа претставени за време на Европските денови на развој во Брисел.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна