20 Мај, 2024
0.0272

ЕДНА КОМПАНИЈА ДОБИ ОПОМЕНА ОД ДИРЕКТОРИТЕ НА БЕРЗАТА - причина: Извештаите не биле објавени навреме

Објавено во: Економија 06 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Акционерското друштво „Пелистерка“ доби опомена од Одборот на директори на Берзата. 

Причина се необјавени финансики извештаи во за тоа законски предвидениот рок. 

„Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвото Пелистерка АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување на неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2022 година во пропишаниот рок, како и поради необјавување на неревидирани консолидирани финансиски извештаи, со што издавачот не постапи согласно член 40, точка 3, алинеја 2 од Правилата за котација“, се вели во известувањето од Берзата.

Фактор неодамна објави дека нема да има дивиденда за акционерите на компанија за производство на минерална флаширана вода, „Пелистерка“. Тоа е одлука што ја предлага менаџментот на компанијата, а која треба да ја изгласа Собранието на акционери на 26 јуни оваа година.

Инаку, треба да се напомене дека „Пелистерка“ лани работеше профитабилно и оствари нето добивка од 376 илјади евра, што е за 23 отсто повисок профит од претходната 2021 година, но и многу подобар резултат од загубата со која оваа компанија ја заврши 2020 година.

Во врска со одлуката за распределба на добивката, му се предлага на Собранието на акционери 5 отсто од таа сума да оди во задолжителен резервен фонд, а остатокот да остане како нераспределена добивка.

„Во Друштвото за прозводство и трговија Пелистерка АД Скопје остварената нето добивка од работењето на Друштвото во периодот од 01.01.2022 годинадо 31.12.2022 година, да се распредели на следниот начин: задолжителен резервен фонд од 5 отсто, и остатокот да останекако  нераспределена  добивка. Одлуката влегува во сила со денот на нејзиното донесување“, се вели во предлогот за кој треба да гласаат акционерите.

Ова значи дека околу 19 илјади евра ќе одат во задолжителниот резервен фонд, додека многу поголем износ од 357 илјади евра ќе останат како нераспределена добивка. Инаку, треба да се напомене дека во „Пелистерка“ главен управувачки акционер и единствен кој поседува над 5 отсто од акциите е ЦИП Продукт,со 88,98 отсто од акциите.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува