20 Мај, 2024
0.0259

Авиокомпанијата АлИталија планира да отпушти 700 вработени?

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Пткако потпадна во криза, италијанска авиокомпанија АлИталија размислува за затворање на 700 работни места. Овој предлог на раководството, што ќе доведе до заштеди во износ од околу 30 милиони евра, бил отфрлен од синдикатите на состанокот во вторникот, изјави претседателот на синдикатот Џовани Лучијано. Сепак, според извештаите на медиумите раководството на АлИталија планира да скрати 300 стјуардеси и други 300 вработени помошен персонал, како и 90 вработени во одделеот за одржување. Според Лучијано се очекува следната недела да има нови преговори за да се избегнат отпуштањата. Поради високите цени на горивата, кризата во еврозоната и падот на еврото, авиокомпанијата, во првата половина на годината работи со загуба од 201 милиони евра. Уште во 2008 година авиокомпанијата беше пред банкрот, поради што се спои со втората по големина италијанска авиокомпанија „Ер Уан“. Во новата групација, француско-холандската авиокомпанија Ер Франс-КЛМ си обезбеди удел од 25%  за 320 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање