Добивај вести на Viber
Околу 50.000 привремени работни места ќе отвори Амазон со цел без проблем да помине божиќниот шопинг. За да ги испорача сите нарачки компанијата за онлајн трговија веќе се подготвува за претсојната празнична шопинг сезона и вработува илјадници луѓе. Во моментов во Амазон работат 20.000 луѓе. Слични подготовки применуваат и другите големи продажни ланци. Мејсис ќе вработи 80.000 дополнителен персонал, а Волмарт 50.000.