20 Мај, 2024
0.0281

Загрозени работнички права, ќе има ли синдикално-работничка пролет?!

Објавено во: Економија 28 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Нашето општество не е созреано да се солидаризира со работниците од други гранки за остварување на заедничка цел. Работниците не  ги познаваат доволно своите права и законската легислатива. За да се случи силна и широка работничка реакција потребно е  да покажат проактивност, а тоа значи дека мора да си ги познаваат работничките права и да реагираат на секое прекршување. Денес работниците реагираат само во случај кога не земаат плата – вели за Фактор, Горан Трајков од невладината организација “Гласно” од Штип. Најлоша според него е состојбата во текстилната индустрија кадешто работата е најтешка, а најслабо платена.

“Работничките во текстилната индустрија работат за срамно ниски плати. Работите не се поместени од мртва точка цели 25 години. Најчестата злоупотреба е  на пресметка на плата која се пресметува по вториот модел, односно  онака како не треба,  а за тоа институциите многу не се засегнати. А клучно е непостапување на инспекторите кои се занимаваат со инструкции и не постапуваат законски. Инспекторите се клучот за да се почитуваат работничките права. Се додека оваа служба не почне да се занимава со примена на законските нормативи состојбите ќе останат исти. На државаниот инспекторат му е потребен Елиот Нес и неговиот тим”- додава Трајков.

Штрајкот на вработените во Македонски железници и во неколку дневни весници вели е показател дека работите не одат на добро, ниту во медиумите, ниту во индустријата. Најголем проблем е што државата е најголемиот работодавач и има директно влијание во бизнис заедницата, што ги прави компаниите зависни од централната власт  и парите кои се одлеваат од државниот буџет.

“Државниот интервенционизам, нарушувањето на принципите на слободна трговија е резултат на сосотојбите во синдкатите. Штрајкуваат новинари од неколку дневни весници, а од друга страна и во железници може да се каже дека состојбата е слична само што е во обратен смер од потребите на МЖ. Конкретно се работи за купување на нови возови, а не се води сметка за човечките ресурси во МЖ. Оттука може да се извади заклучок дека и во двата случаи постапките на владата се погрешни и не се во духот на доброто владеење. Работниците се борат за парче леб, си го бараат заработеното, а од друга страна има енормна акумулација на богатството во џебот на работодавците од непочитувањето на Законот за работни односи но  и други закони кои треба да го почитуваат работничкото право”- вели Трајков.

Сојузот на Синдикати како најголема синдикална организација според него  одамна е “мртов” субјект бидејќи не си ја работи својата работа и дејност за која е наменет. ССМ според него се грижи за  лични интереси на мала група  синдикални лидери кои ги црпат парите од членството. Дополнително смета дека и служи на владата кога треба да и даде зелено светло за одобрување при носење  на закони.

“Со други зборови законите  на хартија се носат за да бидат  со европска преодна оценка, а на терен состојбата е сосема различна. Што се однесува до синдикалните гранки кои не се сложуваат со политиките на ССМ и кои беа отстранети дури и насилно, тие се свеста и совеста која Живко Митревски ја нема, па затоа сотојбите се такви кави што се. Жолт синдикат за владини политики со штетни последици кој го доведе работникот на просјачки стап. Единствено има промена на сметките на работодавците кои се зголемуваат од година во година, а се зема безмилосно од она што му следува на работникот”- додава Горан Трајков.

Најголем проблем вели  е платата. Според Законот за работни односи таа  е составена од основна плата, работна успешност и додатоци. Низ примери објаснува како работодавецот треба да исплати плата за секој работник во која ќе вкалкулира:

1.ефективна работа___160 часа е 9080 ден(минимална плата)
2.работна успешност___5% е 454 ден 
3.минат труд _0.5% на година пр. 10 год раб. Стаж(5%)_484ден
4.прекувремена работа_пр. 20 часа е 1135 ден 
5.работа во празник (доколку има работено)___пр. 8 час е 671ден.
Нето плата која би требало да ја зема секој работник е 11 824 ден .

Како не треба да изгледа  плата на пресметковниот лист.

Пример :

1.ефективна работа___160 часа е 6336 ден(минимална плата)
2.работна успешност___5% е 454 ден 
3.минат труд _0.5% на година пр. 10 год раб. Стаж(5%)_484ден
4.прекувремена работа_пр. 20 часа е 1135 ден 
5.работа во празник (доколку има работено)___пр. 8 час е 671ден. 
Нето плата која не би требало да ја зема работник е 9080ден.

“Основната плата не може да биде пониска од минималната плата утврдена со закон.Работа во недела и на празници, непочитување на работното време, работните услови, зимно време ладно, летно време жешко. Нема кујни или мензи за работниците, а тоа често резултира со  ниска работоспособност, одржливост. Потоа има нарушено здравје на работниците,  не се  почитува правото на боледување,  ниту пак породилно отсуство. Многу жени дури и да забременат често веднаш го губат своето работно место. Работодавците им даваат договори на определено време  за да се чува неизвесноста, потчинетоста”- објаснува Трајков.

Работниците како што вели земаат противуставно минимална плата . Според статистиките дневно до невладиниот сектор стигнуваат  и до 60 прекршоци по работник од Законот за работни односи, но многу од нив никогаш до крај не се расветлуваат. Оттука според него итно е потребен нов сериозен синдикат кој ќе работи за интересите на работникот и ќе се бори да не се загрозуваат нивните права. Партиите вели Трајков мора да ги тргнат рацете од бизнисот.

“Се надеваме на нов синдикат кој ќе работи за потребите на текстилните и кожарските работници. Се надеваме на нов директор на инспекторатот. И секако нови владини политики во однос на овие две граники со точни мерки и насоки за надминување на истите. Да не заборавиме, зголемена минимална плата.Во суштина зависноста на приватниот сектор, интервенционизмот и мешањето во пазарот на трудот и нарушување на основните постулати на слободна трговија од страна на владејачката структура има  силно влијание во креирањето на политиките во бизнис заедницата. Се даваат субвенции за секој  вработен, некој зема субвенции за придонеси кои  се тотално грешни политики и  кои на долг рок ќе остават илјадници граѓани со многу ниски пензии”- потенцира претседателот на невладината “Гласно”.

Работниците според него  молчат затоа што немаат заштита, ниту синдикален партнер на кој би можеле да сметаат. Од друга страна често и незнаат да ги препознаат прекршувањата. Затоа објаснува дека се потребни обуки и семинари за синдикалното делување  во земјава кое вели мора да претрпи тектонски промени  за да се консолидира и да се структуира и да почне да работи како прав синдикат.

Излезните решенија според Трајков се во креирање на  нов Закон за работно време  издвоен од Законот за работни односи, итно покачување на минималната плата, нормативи за стандардизација и систематизација на работни места, имплементација на Законот за заштита при работа. Дополнително вели е потребно ново синдикално движење создадено од работниците, намалување на казните,  а потоа и ефективно искористување на  европските фондови отворени за компаниите, создадени според потребите и условите во кои работат.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген