За иранските медиуми Трамп признал неуспех
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2020
Нашите ракети го оштетија американското достоинство, пишуваат медиумите во Иран.
Весникот „Кајан“ пренесува дека иранските ракети го оштетија „американското достоинство“, а дневниот весник „Џаван“ смета дека тоа е првото признание за неуспех на Американците во нивната историја.
Нападот врз американските сили во Ирак го прогласија за „мрачна ноќ за Американците“, додавајќи дека Вашингтон „првпат во историјата го признал сопствениот неуспех“, додека истовремено на улиците на Техеран владеело олеснување што ниту една страна не била подготвена за војна, пренесува српски „Курир“.
Реформистичкиот дневник „Афтаб јазд“ на насловната страна објави дека „иранската шлаканица го приморува Трамп да се повлече и да прогласи мир“, а „Арман Мели“ ноќта на нападот ја нарече „мрачна ноќ за Американците“.
Деновиве беа нападнати американски бази, со што беа заострени односите меѓу САД и Иран.
Претседателот на САД, Доналд Трамп тврди дека САД го уби иранскиот генерал Касим Сулејмани затоа што сакал да ја разнесе Амбасадата на САД во Багдад и дека ликвидацијата е дел од неговата предизборна кампања.