Уште една ракета падна близу американска база во Ирак
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2020
Нова експлозија има во Ирак, откако ракета падна на подрачје во близина на американска воена база.
Ракета вечерва паднала на областа Фидлан во регионот Дуџаил во провинцијата Салахудин на северот од Ирак.
Неименувани извори наведуваат дека не е познато од каде е испукана ракетата, но немало жртви. Базата се наоѓа на околу 80 километри северно од Багдад.Претходно беа испукани ракети кон две бази.