(ВИДЕО) Американците не знаат каде е Иран?
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2020
Многу од Американците не знаат каде точно е Иран и на анкета даваа чудни одговори.
Нова анкета на „Морнинг консалт“ покажува дека само 28 отсто од американските регистрирани гласачи знаат да покажат каде се наоѓа Иран на неозначена мапа од Блискиот Исток, Европа, Северна Африка и Јужноцентрална Азија.
Само 23 отсто од испитаниците знаеле точно да го идентификуваат Иран на мапа од целиот свет, дури и додека 69 отсто мислеле дека нападот во кој беше убиен Касам Сулејмани ја направил војната со Иран поверојатна.
фото Википедија