(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис
Објавено во: Свет 25 Април, 2024
Украинка сакала да го продаде синот, а одредила и цена.
Во украинскиот град Днепар, 19-годишна жена се обидела да го продаде својот двегодишен син. Мајката наводно побарала милион гривни за своето дете, што е околу 23.500 евра. Таа наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него.
Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација. Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за синот и затоа решила да го продаде. Со парите што ќе ги добиела планирала да почне приватен бизнис. Жената е обвинета за трговија со луѓе.