20 Мај, 2024
0.0280

Спасовски: Од петок целосно ќе бидат отворeни сите гранични премини, без ПЦР тестови и карантин

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Целосно се отвораат границите. 

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила. 

Нема да биде потребно приложување на PCR тестови, и нема да има упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин, информира премиерот Оливер Спасовски. 

„Владата денеска донесе Одлука од петок, 26 јуни, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни. На денешната седница Владата донесе одлука, исто така од петок, 26 јуни, угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа. Од петок, 26 јуни 2020 година, се дозволува и работата на теретаните и вежбалните, а моловите, од истиот датум, ќе можат да работат и во неделите“, информираа Спасовски на Фејсбук. 

За сите овие одлуки до петок, 26 јуни 2020 година, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки.

Во Македонија и денеска има висок број на заразени од коронавирусот. 

Позитивни се 118 луѓе, а починаа 4 лица. 

Можеби ќе ве интересира

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување