СИЛНА ПОРАКА НА ФЕЈСБУК ОД ЌЕРКАТА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА - желби за просперитет, слога и соживот
Објавено во: Македонија 10 Мај, 2024
Марија Давкова Јордановска, ќерка на новата претседателка на земјава, Гордана Силјановска-Давкова, со своја порака на социјалната мрежа фејсбук, веројатно сака да и посака успешен четиригодишен мандат на својата мајка.
Всушност, Марија постираше музичко видео од Бигорскиот манастир со наслов „Разумна молитва“, посакувајќи и притоа просперитет на нашата држава, како и слога и соживот.
„Нека убоста и просперитетот бидат главната одлика на нашата земја во наредните години, декади и столетија, драги земјаци. А слогата и соживотот нека постанат наша навика. Амин!“, објави Марија на својот фејсбук профил.
Фото: Фејсбук