20 Мај, 2024
0.0269

Што прави „Македонијатурист“ со својот кеш, а другите фирми не го прават?

Објавено во: Економија 28 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Македонијатурист“ е позната како компанија-трезор затоа што има солидни финансиски приходи секоја година. Лани компанијата веќе видно покажа дека ја менува тактиката и почнува да форсира вложување во акции кои носат дивиденда наместо како досега кешот да го чува во депозити. Факт е дека нејзините нето финансиски приходи се половина од нејзината оперативна добивка. Факт е дека има акумулирана добивка од 17 милиони евра. Нов факт е дека за 2016 година од дивиденди на акции што ги поседува во други компании зема 106.000 евра што е 32 пати повеќе од 2015 година!  

„Македонијатурист“ оствари нето добивка од 117,6 милиони денари (1,9 милиони евра) од работењето во 2016 година, покажуваат официјалните биланси на најголемата македонска хотелиерска компанија. Во структурата на крајната добивка, оперативната добивка учествува со 86,7 милиони денари, а управувањето со вложувањата на финансиите односно финансиските приходи донесоа 44,8 милиони денари.

Податоците покажуваат дека „Македонијатурист“ лани имала пад на оперативната добивка што е резултат на падот на приходите од продажба од основната дејност односно од услуги на хотелско сместување, ресторански услуги и организација на настани во угостителските објекти. Лани оперативната добивка е 86,7 милиони денари и е за 25 отсто пониска односно за 29,2 милиони денари помала од добивката во 2015 година. Падот на оперативната добивка се должи на падот на приходите од продажба кои во 2016 година изнесуваат 308,4 милиони и се за 16 отсто пониски односно за 59,5 милиони денари помали од приходите во 2015 година. Овој пад менаџментот го објаснува со нелојалната конкуренција во дејноста без да даде поконкретни детали што мисли под нелојана конкуренција и со негативната конкјуктура воопшто. При пад на приходите од продажба за 59,5 милиони денари менаџменот во рамките на своите можности ги намалил и оперативните расходи за 11 отсто односно за 27,7 милиони денари до ниво од 234,7 милиони денари.

Што е тоа што вреди кај „Македонијатурист“?

Како и да е и покрај влошените услови за работење и падот на приходите компанијата има оперативна добивка што е 28,1 отсто од целиот приход од продажба. И тоа е сооднос со кој ретко која друга компанија може да се пофали од компаниите кои ги објавуваат своите биланси на берзата. 
Но најдобриот момент следи, а тоа се финансиските приходи на „Македонијатурист“. Лани оваа фирма остварила вкупно финансиски приходи во износ од 725.000 евра. Тие се делат на два дела: првиот дел се приходи од камати од кои компанијата има нето приход од 34,3 милиони денари односно околу 556.000 евра и тој бележи пад од 5 отсто во споредба со 2015 година и тоа е заради тоа што се намалени каматни стапки. Најинтересно е тоа што 106.000 евра се од дивиденди на акции во други компании. При тоа приливот од дивиденди лани во споредба со 2015 година е зголемен за 32 пати! Значаен дел од тие средства се остварени од дивиденда од акции на „Комерцијална банка“ што лани компанија ги купила и во 4.347 акции вложила 10,05 милиони денари. Вложувањето во акции е многу важен момент и новосоздадена вредност во управувањето на ликвидните средства. Очигледно дека менаџментот на компанијата во антиципирал трендот на раст на дивиденди во однос на пад на камати и успешно ги оплодил своите средства. Само за потсетува до крајот на 2016 година „Македонијатурист“ има акумулирана добивка во износ од над 17 милиони евра.

Од другите значајни работи што вреди да се истакнат кај оваа компанија е тоа што е добро познато и досега – компанијата не должи за кредити! Од другите активности треба да се напомене дека во 2016 година го продадоа ресторанот „Македонија“ лоциран на авотпатот Скопје – Велес во близина на Катланово од кој се инкасирани 10,88 милиони денари. Вкупните тековни инвестиции во 2016 година се во вредност од 5 милиони денари, а лани според паричниот тек компанијата исплатила над 80 милиони денари дивиденда на своите акционери. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген