26 Мај, 2024
0.2022

Русија го загуби Балканот во 90-тите години!

Објавено во: Балкан, Колумни 03 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Од Брисел вчера дојде уште една потврда дека Балканот политички е загубен за Русија уште во 90-тите години. Црна Гора доби покана за членство во Алијансата и почеток на преговори. Сега се е работа на техника која ќе се спроведува година до две. Официјална Москва е свесна дека за времето на Борис Елцин Русија го загуби Балканот. Елцин во обидот да ја демократизира државата и да ја спаси од расуло, мораше да жртвува некои надворешно политички приоритети. Во еден разговор со руски аналитичари, пред извесно време, ми беше речено „Добро што не ја загубивме државата“. Значи постоеше опасност за опстојување на самата Русија. Распадот на Советскот Сојуз, кризата на Балканот по распадот на Југославија, граѓанските војни.., сето тоа беа големи предизвици за слабата Русија. Таа не можеше да ја контролира ситуацијата кај себе, а да не зборуваме надвор од неа. Во октомври 1993 година Елцин дури пукаше врз зданието на Врховниот совет за да го спречи враќањето на комунистите и нивните приврзаници на власт. Во 2000 година дојде на власт Владимир Путин, кој успеа да ја крене државата на нозе, но блиските соседи и оние подалечните, некогаш сојузнички и многу пријателски држави веќе се определија за своја самостојна политика. Оттука сегашните повици кон НАТО и закани за Црна Гора се депласирани. Дури и Путин на почетокот на своето водење на Русија за Балканот креираше политика на соработка на економски и културен план. „Новиот чекор за ширење на Алијансата ги засегнува интересите на Руската Федерација и не принудува кон соодветна реакција“, се вели во коментарот на руското министерство за надворешни работи, по веста за поканата на Црна Гора во НАТО. За каква соодветна реакција станува збор? Русија не реагираше ниту кога Црна Гора се придружи кон западните санкции врз Русија, ниту пак по изјавите на премиерот Мило Ѓукановиќ директно насочени против Русија. Таа реагира сега кога е ставена пред свршен чин. Русија има договор за слободна трговија со Црна Гора уште од 2.000 година. Зошто не го поништи? Или сметаше дека Црна Гора нема да бара влез во НАТО? Во право е Маким Јусин, коментаторот на московски „Комерсант“, кога вели: - Реакцијата на многу руски политичари, пратеници и „патриотски настроени“ експерти на поканата на Црна Гора да се присоедини кон НАТО претставува врв на апсурдот и неодговорност. Јусин додава, дека „заканувајќи и се на Црна Гора со жестоки соодветни чекори, нашите законодавачи влегуваат во јавна противречност со логиката. Досега ниту една земја, влезена во НАТО, не се судри со никакви дискриминациони мерки од страна на Русија. Ниту Хрватска, ни Албанија, ниту порано Бугарија, Унгарија, Словенија или Словачка. А сега најдоа да компензираат со Црна Гора. Уште еднаш да пиарствуваат на  добитната патриотска тема. Да се покажат себе си поголеми заштитници на националните интереси, дури и од претседателската администрација, од каде не брзаат да огласат никакви мерки против Подгорица“. Некои од руските пратеници се надеваат дека во Црна Гора ќе има референдум, дека народот е против НАТО, дека неодамнешните протести тоа го покажале и сл. Други пак, велат дека ќе се укине воена соработка, како да се работи за држава со голем воен потенцијал. Како да не им е јасно дека станува збор за политичко решение. Исто како што беше при приемот на најголемиот број нови членки во НАТО, почнувајќи од балтичките, па се до Албанија и Хрватска. Дошле на дневен ред и ги примиле. Алијансата има своја стратегија и работи според неа. Црна Гора има стратешко значење и за Алијансата подобро  е контролата таму да ја има таа отколку Русија. Ќе биде интересно како ќе реагира Русија на влезот на Македонија и на Србија во НАТО. Своевремено, за времето на Елцин, а и подоцна во првиот мандат на Путин, при средбите на претставници од нашата земја со нивни соговорници од Русија, при споменувањето на прашањето за НАТО, заклучокот беше, дека, ние не би сакале да се присоедините кон Алијансата, но тоа е ваша работа и правете како што сакате. Последниве година дена, работие како да се менуваа. И бевме сведоци на повеќе официјални коментари и соопштенија од Москва, со кои на одреден начин се повикува на откажување од таа намера. Но Македонија уште во девдесеттите јасно се определи за САД. А потоа и НАТО и ЕУ. И до денес опстојува на тоа. Ако се погледне географската карта ќе се види дека од Балтикот на Север до Атина на југ, останува само еден мал простор кој сигурно наредниве години ќе биде вшмукан во НАТО. Тоа се Србија, Македонија и БиХ, не сметајќи ги Молдавија и Украина. Ние сме веќе капарисани, а Србија почнува да се пазари. Босна зависи од Србија. Можеби некој и не го забележува тоа, но настаните од 2014 година со Украина го забрзаа натпреварот меѓу Русија и НАТО околу Балканот. Се сеќаваме сите на изјавите на Сергеј Лавров и на Џон Кери! Едните не плашеа од Русија, а другите од НАТО. Во моментов се чини дека НАТО е во добитна ситуација. Постои впечаток дека се водат заткулисни преговори, тајна дипломатија, околу името на нашата држава. Тоа е главната пречка за влез во алијансата, бидејќи ние веќе имаме покана. Кери денес во Атина ќе зборува со Ципрас и за името. Не е чудо идната година да се приклучиме кон Алијансата. И да добиеме ново име на државата. НАТО не може да си дозволи да има нестабилност во регионот. Независно дали се работи за некоја поголема држава или пак за мала како нашата. Ако си член на Алијансата тогаш имаш гаранција за атаци однадвор, а уште повеќе за стабилност внатре во државата и во регионот. А што со Србија? Русите ќе се чешаат кога таа ќе влезе во НАТО. Таму веќе денес политичари зборуваат за неопходност од НАТО членство. Како му рекол вчера Кери на српскиот премиер Александар Вучиќ? „Да го оставиме минатото во минатото“. Тукму така, Србите ќе го направат тоа и ќе ги „предадат“ Русите. Ќе заборават и на бомбардирањето од страна на НАТО во деведесеттите и на сите зла што им ги направи Западот тогаш. Впрочем и Црногорците беа бомбардирани па ја свиткаа опашката. Клучно е Косово. Ако успее Вучиќ да го добие она што го договори во Брисел, тогаш за НАТО ќе има поддршка и од косовските Срби. Како што стојат работите Русија ќе остане без „пријатели“ или поточно сојузници и на Балканов. Не случајно императорот Александар Трети рекол:- Најголеми пријатели на Русија се „Руската флота“ и „Руската војска“. Мирче Адамчевски    

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМ НАВИВАЧКИ КОНФЛИКТ ВО БЕРЛИН, СЕ ТЕПАА ГРЦИ СО ПАЛКИ И ШИПКИ - еве кои грчки навивачи си ги одмерија силите

ГОЛЕМ НАВИВАЧКИ КОНФЛИКТ ВО БЕРЛИН, СЕ ТЕПАА ГРЦИ СО ПАЛКИ И ШИПКИ - еве кои грчки навивачи си ги одмерија силите

ДРАМА НА ЛЕТОТ ЗА СПЛИТ: Млад маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина, а потоа се заклучил во тоалетот

ДРАМА НА ЛЕТОТ ЗА СПЛИТ: Млад маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина, а потоа се заклучил во тоалетот

КАКО СЕ СЛАВЕШЕ НЕКОГАШ ДЕНОТ НА МЛАДОСТА: Се славеше младоста, убавината, изградбата на социјализмот, достигнувањата на НОБ, а најмногу самиот Јосип Броз Тито

КАКО СЕ СЛАВЕШЕ НЕКОГАШ ДЕНОТ НА МЛАДОСТА: Се славеше младоста, убавината, изградбата на социјализмот, достигнувањата на НОБ, а најмногу самиот Јосип Броз Тито

АКО САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ ВО ГРЦИЈА, ЕВЕ КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ: Минималецот е 830 евра

АКО САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ ВО ГРЦИЈА, ЕВЕ КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ: Минималецот е 830 евра

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ НА ПАЗАРИТЕ И МАРКЕТИТЕ ВО СОЛУН: Некои производи поевтини отколку кај нас!

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ НА ПАЗАРИТЕ И МАРКЕТИТЕ ВО СОЛУН: Некои производи поевтини отколку кај нас!

„ЌЕ ИМАМЕ СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ, А СО НИВ И ТОРНАДА“: Директорот на српската УХМР објасни какви катастрофи можат да бидат погубни во Србија

„ЌЕ ИМАМЕ СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ, А СО НИВ И ТОРНАДА“: Директорот на српската УХМР објасни какви катастрофи можат да бидат погубни во Србија

Стотици луѓе спијат пред Острог поради оваа чудесна причина: Верниците опишуваат неверојатни искуства од посетата на овој манастир

Стотици луѓе спијат пред Острог поради оваа чудесна причина: Верниците опишуваат неверојатни искуства од посетата на овој манастир

„176 ТЕЛА ПАЃАА ОД НЕБОТО КАКО ДОЖД“: Два авиони во лет се судрија над Загреб, ова никогаш не се заборава

„176 ТЕЛА ПАЃАА ОД НЕБОТО КАКО ДОЖД“: Два авиони во лет се судрија над Загреб, ова никогаш не се заборава

БУРЕКЏИИТЕ СЕ ПЛАТЕНИ ПОВЕЌЕ ОД ХИРУРЗИТЕ: Плата и 100.000 денари, а работници нема

БУРЕКЏИИТЕ СЕ ПЛАТЕНИ ПОВЕЌЕ ОД ХИРУРЗИТЕ: Плата и 100.000 денари, а работници нема