20 Мај, 2024
0.0265

Раст на приходите и на кредитирањето: Годишни резултати на ИутеКредит Европа

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

ИутеКредит Европа, водечка групација за лични финансии ги објавува неревидираните резултати за декември 2020 година.

Финансиската 2020 година беше во знакот на пандемијата, но ИутеКредит и покрај тоа успеа да го прошири својот бизнис.

„Резултатите од изминатата фискална година се уште позначајни за нас со оглед на тоа што со почетокот на пандемијата на Ковид 19 на почетокот на првиот квартал, изгледите за остварување на оригиналните предвидувања беа многу мали. Така, во вториот квартал се соочивме со намалена побарувачка за кредитирање и намалена наплата на постоечките кредити, но се прилагодивме на регулативата за одложено плаќање на кредитни обврски. Во оваа фаза беа остварени релативно добри резултати со ограничена загуба, вели Тармо Силд главен извршен директор на групацијата ИутеКредит Европа.

Во третиот квартал ИутеКредит забележа пораст, додека пак четвртиот квартал бил комбинација од намалена побарувачка, но зголемено плаќање на веќе постоечките кредити.

Минатата фискална година ја завршивме подобро од 2019 година, иако остварените 56 милиони евра беа помалку од планираните. И покрај ова, ИутеКредит продолжи да инвестира во финансиска технологија, со специјалните безкартични банкомати и апликацијата MyIute  - иновативни решенија за поефикасна онлајн интеракција со нашите клиенти. Може да заклучиме дека успеавме да останеме верни на нашата мисија секогаш да им нудиме на клиентите исклучително корисничко искуствои да работиме профитабилно и во време на криза. На крајот на 2020-та година имавме повеќе од 130 000 активни клиенти во четири земји и профит од 5 милиони евра, додава Силд.

Планот за 2021 година позитивен и со сигурност дека индустријата за кредити ќе се адаптира на предизвиците кои пандемијата ги носи со себе. Очекуваат ИутеКредит да добие многу од дигитализацијата на процесите и можноста клиентите сами да реализираат дел од услугите. Дополнително, очекуваат и успех на повторно отворениот бизнис во Бугарија.

„Во билансот на состојбата, очекуваме и исплатата на кредити и услугите на плаќање да се зголеми двојно до 200 милиони евра. Исто така, очекуваме и вкупната продажба да надмине 70 милиони евра со нето профит од најмалку 10 милиони евра и повеќе од 200 000 клиенти до крајот на 2021 година,” вели Тармо Силд, главен извршен директор на групацијата ИутеКредит Европа.


ОПЕРАТИВНИ ДОСТИГНУВАЊА

·  Зголемена исплата на кредити.

·  Добра дисциплина за отплата на кредити.

·  Билансот на состојбата покажува 10% пораст до 116,6 милиони евра

·  Пораст во бројот на потпишани договори за кредит од 65,4% во однос на 2019 година

СТРАТЕШКИ ДОСТИГНУВАЊА

·  Имплементација на безкартични банкомати во Молдавија, како и лансирање на апликацијата MyIute во Моладавија и Албанија.

·  ИутеКредит Бугарија е повторно на развојна патека.

ФИНАНСИСКИ ДОСТИГНУВАЊА

·  Вкупниот приход е во пораст за 10% или 56 милиони евра во споредба со 50,8 милиони евра во 2019 година. 


Можеби ќе ве интересира

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген