23 Мај, 2024
0.0355

Распишан оглас за изградба на жичарницата од Тетово до Попова Шапка!

Објавено во: Македонија 27 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Од новиот, потенцијален инвеститор на жичарницата ЕЛЕМ бара да докаже дека во изминатите 5 години изградил најмалку 30 шестоседни жичарници како и да поседува ИСО стандарди за квалитет и за животна средина. Државните Електрани се на чекор до склучување на договор со консултант кој ќе ги советува кој е најдобриот начин за давање под концесија на ски-центарот Попова Шапка. Иако јавното отворање на понудите беше пред речиси еден месец, од ЕЛЕМ се уште не обелоденуваат кои компании дадоа понуда и какви модели понудија за развој, изградба, финансирање, користење, управување и одржување на Попова Шапка преку јавно-приватно партнерство. Од компанијата не кажуваат колку пари се подготвени да дадат за консултантот за советодавните услуги. Неколку пати до сега владини претставници се сретнаа со истакнати личности од областа на зимските спортови од Словенија и Хрватска за да разговараат за можностите за развој на македонските скијачки центри. Додека да се најде најдобриот начин како ски-центарот Попова Шапка да се развива под концесија, ЕЛЕМ распиша и оглас за изградба на шестоседна жичарница на Попова Шапка. Иако и на овој оглас јавно не е достапна проценетата вредност на инвестицијата, според усвоениот мастер-план за инвестирање во туристичкиот центар Попова Шапка, изработен од реномирана меѓународна  компанија, изградбата на новата жичарница шестосед, на новите скијачки патеки, како и реконструкцијата  на главниот пат се проценуваат на околу 30 милиони евра. Од новиот, потенцијален инвеститор на жичарницата ЕЛЕМ бара да докаже дека во изминатите 5 години изградил најмалку 30 шестоседни жичарници како и да поседува ИСО стандарди за квалитет и за животна средина. Мастер планот за ски центарот Попова Шапка предвидува нови ски патеки и проширување на постојните, поголеми паркиралишта и реконструкција на главниот пат – активности кои треба да се одвиваат во првата инвестициона фаза, односно до 2014 година. Во втората и третата фаза се предвидува изградба на хотели и ресторани  за кои Владата ќе бара концесионер. К.П  

Можеби ќе ве интересира

Деспотовски по оставката на Димитар Ковачевски: Задоцнета одлука!

Деспотовски по оставката на Димитар Ковачевски: Задоцнета одлука!

МЕМЕТИ НЕ СМЕЕ ДА ЈА НАПУШТИ ДРЖАВАТА - судот му одреди мерки за претпазливост

МЕМЕТИ НЕ СМЕЕ ДА ЈА НАПУШТИ ДРЖАВАТА - судот му одреди мерки за претпазливост

НЕ САКААТ ДА СЕ ПОМИРАТ ДЕКА ИЗГУБИЈА ЕДЕН ПРАТЕНИК: Адеми вели дека не го признаваат резултатот

НЕ САКААТ ДА СЕ ПОМИРАТ ДЕКА ИЗГУБИЈА ЕДЕН ПРАТЕНИК: Адеми вели дека не го признаваат резултатот

ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ КОРИСТАТ ЈАВЕН ПРЕВОЗ - еве како ќе возат автобусите за празникот и до кога се последните термини за жичницата

ВАЖНО ЗА СИТЕ КОИ КОРИСТАТ ЈАВЕН ПРЕВОЗ - еве како ќе возат автобусите за празникот и до кога се последните термини за жичницата

Максим Димитриевски: Вода има, но треба да се преврива

Максим Димитриевски: Вода има, но треба да се преврива

Ерван Фуере: Критиките кон новиот претседател ги истакнуваат двојните стандарди на ЕУ за Северна Македонија

Ерван Фуере: Критиките кон новиот претседател ги истакнуваат двојните стандарди на ЕУ за Северна Македонија

МАРИЧИЌ И ЛОГА ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА ДИК: И тука ќе има тесна битка, бидејќи и ова место и припаѓа на опозицијата

МАРИЧИЌ И ЛОГА ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА ДИК: И тука ќе има тесна битка, бидејќи и ова место и припаѓа на опозицијата

ЕВЕ ЗА КОИ КОМИСИИ ЌЕ БИДЕ „ТЕСНО“ МЕЃУ СДСМ И ДУИ: Довчерашните коалициони партнери ќе се борат за претседателското место во овие комисии

ЕВЕ ЗА КОИ КОМИСИИ ЌЕ БИДЕ „ТЕСНО“ МЕЃУ СДСМ И ДУИ: Довчерашните коалициони партнери ќе се борат за претседателското место во овие комисии

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД НОВАТА ВЛАДА: Милошоски ги објави пресметките за пратеничките места

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД НОВАТА ВЛАДА: Милошоски ги објави пресметките за пратеничките места