Максим Димитриевски: Вода има, но треба да се преврива
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2024
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска претпладне информираше дека над 80 отсто од домаќинствата во градот веќе непречено добиваат вода од мрежата на ЈП "Водовод" Куманово, откако беше сопрена поради заматувањето предизвикано од невремето.
Сепак, кумановскиот градоначалник предупредува дека треба да се преврива, бидејќи се чека официјалниот резултат од испитувањето. Надојдените води на Липковска Река до филтер-станицата дoведоа голема количина кал поради што системот беше затворен..
„Во следните пет часа системот за водоснабдување ќе биде целосно оперативен и сите домаќинства во градот кои се конектирани на мрежата ќе бидат снабдени со вода.
- Напоменувам: Се до моментот на официјална потврда од "Завод за здравствена заштита" Куманово оваа вода се третира како техничка и истата доколку се користи во исхрана потребно е превентивно да се преврива. За дополнителни информации во текот на денот ќе информира ОШЗС Куманово“, извести Димитриевски.
Во Куманово настана хаварија и нарушен процес на водоснабдување на градот поради лошите временски услови.