ЕВЕ ЗА КОИ КОМИСИИ ЌЕ БИДЕ „ТЕСНО“ МЕЃУ СДСМ И ДУИ: Довчерашните коалициони партнери ќе се борат за претседателското место во овие комисии
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2024
Фактор од свои извори дознава дека распределбата на претседатели на комисии кои согласно собранискиот Деловник им припаѓа на опозициските партии, ќе биде „тесна“.
Претседателите на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и на Комисијата за финансирање и буџет се предлагаат од редот на пратениците од опозицијата.
Но, со оглед на тоа што СДСМ и ДУИ имаат ист број пратеници, а во Деловникот нема толкување од типот најмногу освоени гласови, туку само одредба дека се бираат од пратениците од опозицијата, се очекува да се води тесна „битка“ помеѓу двете партии.