МАРИЧИЌ И ЛОГА ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА ДИК: И тука ќе има тесна битка, бидејќи и ова место и припаѓа на опозицијата
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2024
Фактор дознава дека тесна битка ќе има помеѓу Европскиот фронт и СДСМ, бидејќи двете партии имаат по 18 пратеници, а претседателското место на Државната изборна комисија и припаѓа на опозицијата.
Според нашите извори, заинтересирани за ова столче биле Бојан Маричиќ од СДСМ и Кренар Лога, актуелниот министер за правда од Алијанса за Албанците, која е коалиционен партнер на ДУИ и е дел од Еропскиот фронт.