20 Мај, 2024
0.0250

Пратениците изгласаа минимална плата од 200 евра

Објавено во: Економија 18 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Пратениците во Собранието денеска со 70 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан ги изгласа измените на Предлог-законот за зголемување на минималната плата со кој официјално треба да започне исплатата на минималната плата од 12.000 денари.

Во текот на расправата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека предлог законот за зголемување на минимална плата нема да го подобри стандардот на граѓаните ниту ќе ја раздвижи економијата. Сметаат дека предлогот на Владата е предизборна популистичка мерка од која граѓаните нема да имаат бенефит на долг рок.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ,  Драган Цуклев рече дека ќе настанат проблеми поради обврската, работодавците во рок од 30 дена да донесат правилник за нормиран учинок што ќе ги погоди работниците, а според него проблематични се и критериумите. 

Владејачкото парламентарно мнозинство е со став дека минималната плата од 12.000 денари ќе доведе до раст на просечната плата, животниот стандард,  а со тоа и на целокупната економија.

„На 13 септември 2015 година, ние тогаш како опозиција, поднесовме предлог закон за минимална плата и тој истиот вие го одбивте со смешно образложение, дека ако тој закон се донесе 30.000 работници ќе останат без работа“- рече Васко Ковачевски, пратеник на СДСМ.

Зголемувањето на минималната плата ќе важи за сите работници, односно таа ќе треба да биде исплатена и за вработените во кожарската и текстилната индустрија. 

За таа цел месечно од државната каса за субвенционирање на фирмите ќе се одвојуваат по 1,5 милиони евра.

Расправата по другите точки на дневен ред од 12-та  седница претседателот на Собранието,  Талат Џафери ја закажа за утре во 11 часот.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото