20 Мај, 2024
0.0269

Машиновозачите целосно ја стопираат работата:„Не сакаме трошки си го бараме лебот“

Објавено во: Економија 01 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Машиновозачите во Македонски железници денеска целосно ја стопираат работата. Незадоволни се од одлуката на раководството да им се обезбеди само еден дел од јануарската плата.  Претседателот на Синдикатот на машинскиот персонал Душко Чакаровски во Мекедонски  Железници работи скоро четириесет години. Вели целата младост ја оставил во возовите и наместо пред крајот на својата работна кариера да се радува, тој и неговите колеги треба да молат за заработеното. Лошите менаџерски политики според него ја довеле фирмата пред колапс, а вработените на работ на егзистенција.

“Во Македонски железници сум цел живот, од мај 1985 година. Бараме, како и сите во државата, да добиваме цела плата. Сметките за плаќање ни доаѓаат во целост, а не на двапати. Никој не сака да се сретне со претставниците на синдикатот за да ги пренесе реално работите. “Работете па ќе земете плата” – ова незнам од каде им е на надлежните, не е на татко им  фирмата па да ни наметнуваат  правила или да не условуваат. Некој партиски кој дошол и ја осиромашил,  си заминува без никаква одговорност. Ќе бараме да има одговорност. Ние повеќето овде работиме повеќе од триесет години и затоа нема да дозволиме некој да не манипулира” –вели Чакаровски.

Одлуката на машиновозачите целосно да ја прекинат работата била донесена на 23 минатиот месец и бидејќи не било испочитувано барањето за целосна исплата на јануарската плата, денеска напладне го спроведуваат договореното.

“Машинскиот персонал на 23 февруари  одлучи дека нема да ги исполнуваме работните обврски. Имаше досега синдикалци кои наместо да се борат за нашите права практично не продаваа. Овде има луѓе односно повеќето се по 30 до 40 години работен стаж. Ние ја немаме потребната работоспособност. Тоа никој не го мисли. Кај нас нема можност за грешка. Нашата грешка е или Идризово или Бутел. Но ни тоа никој не го мисли, а камоли безбедноста во сообрајќајот”-објаснува Чакаровски

Иако беа најавени нови возови со кои ќе се обнови возниот парк и ќе се подобри квалитетот о услугата, на терен работите не се такви, реагираат машиновозачите. Велат нема инфраструктура но и пари за одржување на возовите.

“Од новите шест  возови, да ги речам историски кои ги најавуваа со години, два веќе се исфрлени од употреба. Треба  да си земат одговорност тие што ги набавиле. Некој дебело профитираше на наш грб. Треба да се види транспарентно и отчетно кој купува играчки и се фали дека го обновил возниот парк. Имаме осакатен возен парк. 80 отсто е уништено од возниот парк, не се одржуваат, нема или не се купуваат резервни делови, мајсторите неможе да ги поправаат. И на крај гревот оди на грбот на работникот, тие што треба да одговараат си ги “товарија магарињата”  и заминаа со полни самари. Ние останавме да бараме корка леб. Нека ја кажат вистината. Очигледно е дека оваа политика  не направи заложници на политичката криза. Треба да им биде јасно дека нас не не интересира политика, бараме парче леб”- потенцира претседателот на машиновозачите.

Машиновозачите реагираат дека егзистенцијата на работниците во Железници е ставена во прашање. Велат  дека извршителите веќе им тропаат на врата. Каматите во банките растат. Јануари, најдолгиот и најскапиот месец во годината, го поминале со големи трошоци, а без пари.

“Работниците се заглавени до гуша. Нема работник кој не е заглавен со кредити, а банката не ве прашува дали сте зеле плата или не. Долговите растат. Платата ни ја пуштаа на два дела. За да биде иронијата поголема и тој дел што ни го пуштаа беше дури попладне. И на тие работи гледааат да имаат корист. Некој си поигрува со нас и нашето трпение. Им кажавме убаво дека ако не ја пуштат платата до крај на февруари, од денес напладне веќе не ја извршуваме работната обврска.Чекавме преглед на локомотивите, но веќе нема да се стави наш потпис на налогот за работа”- дециден е синдикалецот.

Новиот в.д директор на МЖ Транспорт, Игор Коруноски најави дека се  обезбедени  финансии веднаш да се исплати половина од јануарската плата и здравствено осигурување во Македонски железници, но за да се префрлат средствата вработените треба да почнат со работа. Вработените засега остануваат на ставот дека нема да се вратат на работа се додека не ја добијат јануарската плата во целост. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген