20 Мај, 2024
0.0273

Ја отворија сезоната, ќе има ли мрсни дивиденди !?

Објавено во: Економија 01 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Започна сезоната на објава на дивиденди! Две компании досега објавија предлог-одлуки со кои ќе ги израдуваат своите акционери, а тие компании се „Тетекс“ и „Реплек“. И двете компании имаат точки на дневен ред за претстојните годишни собранија кои ќе се одржат кон крајот на овој месец.

Реплек ќе подели по 50 евра по акција

„Реплек“, скопска компанија за трговија со фармацевтски производи и со медицинска опрема објави дека планира да подели по 3.074 денари нето дивиденда по акција и дека одлуката за тоа ќе се донесе на претстојното акционерско собрание закажано на 27 март годинава. Оваа македонска компанија трета година по ред , според евиденцијата на берзата, доделува дивиденда и важи за „добитна“ компанија од аспект на очекувана добивка по акција. Во предлог одлуката е наведено дека дивидендата ќе биде издвоена од акумулираната и нераспределена добивка на компанија „Реплек“ од претходни години. Оваа скопска компанија има одлична „дивидендна“ историја и континуирано дели дивиденда. Според официјалните податоци на берзата за работењето во 2015 година компанијата подели 2.468 денари дивиденда, а во 2014 година дури 3.384 денари за акција. За лани дивидендата ќе биде 3.074 денари што е значајно подобрување во однос на дивидендата поделена за 2015 година. На последното тргување пазарната цена на таа акција достигна ниво до 45.000 денари, а на таа цена дивидендниот принос би изнесувал 6,8 отсто, а тоа е многу подобар принос во однос на каматниот принос на орочени денарски и девизни депозити. Разликата е очигледна. Веројатно дека свое влијание врз дивидендната политика има и пензискиот фонд што поседува 6,63 отсто од акциите во „Реплек“. Други големи акционери се братот и сестрата Туџарови : Иван со 11,42 отсто од акциите и Славица со 11,57 отсто од акциите. Правното лице „Ситко“ поседува 6,1 отсто, а странските физички лица Душан Пецовски поседува 11,92 отсто и Владимир Пецовски има 5,79 отсто од акциите.

Тетекс ќе подели 110 денари за акција

Најпознатата македонска текстилна компанија ќе дели дивиденда и оваа година. Во споредба со претходните две години за 2016 година оваа компанија ќе подели највисока дивиденда досега и таа ќе биде за 10 отсто повисока во однос на претходната година.Според официјалната евиденција лани за работењето во 2015 година „Тетекс“ поделил дивиденда во износ од 100 денари, а за работењето во 2014 година компанијата поделила дивиденда во износ од 89 денари. Последната пазарна цена на таа акција на нашиот пазар на капитал изнесува 960 денари и на неа нето приносот е 11,4 отсто што е неспоредливо подобро од каматните стапки што ги нудат деловните банки во земјава за штедење во денари и во евра. Најголем акционер во оваа компанија е Глигорие Гоговски кој воедно е и прв човек на таа компанија кој има 12,76 отсто од акциите во „Тетекс“. Оваа компанија има над 1.200 акционери домашни физички лица кои ќе поделат над 50,6 милиони денари во бруто износ.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген