19 Мај, 2024
0.0301

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Втора жртва на коронавирусот, се ограничува движењето на младите и старите

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Март, 2020

Добивај вести на Viber

ПОЧИНА МАЖ ОД ДЕБАР ОД КОРОНАВИРУСОТ

Маж од Дебар кој имал 63 годиние втората жртва на корона вирусот во Макеоднија, соопшти Министерството за здравство. Починал синоќа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. 

Синоќа дошло до нагло влошување на состојбата, а ациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. 

„Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. 

Пациентот немал позната историја на коморбидитет, велат од Министерството.

ФИЛИПЧЕ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА ЗАРАЗЕНИТЕ И ЗА ПОЧИНАТАТА КУМАНОВКА

Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека ноќеска на Инфективната клиника почина маж на возраст од 63 години од Дебар. 

Тој рече дека луѓето кои имаат белодробни заболувања се во ризична група, но тоа може и да не биде правило. Во светот се покажало дека има различни случаи. 

Во земјава има нови 22 случаи, а  вкупно досега 81 лице има во Скопје, односно најголем број од заразените се од главниот град. 

Од денес се во функција 14 центри за тестирање во целата земја. 

Сите близу 1.200 матични лекари ќе бидат вклучени во процесот. 

Филипче денеска на прес-конференција рече дека документот кој се појави во одредени медиуми за починатата жена од Куманово, се наведува основна причина за смртност. 

Вели дека за овој случај имал разговор со лекарите од Куманово, и тврди дека е направено се што можело за да се помогне. 

Mинистерот соопшти дека денес има помал број заразени од претходно

СЕ ОГРАНИЧУВА ДВИЖЕЊЕТО НА МЛАДИТЕ И СТАРИТЕ ЛУЃЕ

Владата реши да се забрани движењето на младите до 18 години од 21 до 12 часот, а на постарите од 67 години од 11 до 05 часот следниот ден, информираше вечерва премиерот Оливер Спасовски.

Тоа значи дека младите до 18 години ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот, а возрасните над 67 години од 05 до 11 часот претпладне.

Тоа е направено за да не се поклопуваат овие две возрасни групи, младите како преносители на коронавирусот, а повозрасните како најризична категорија граѓани, истакна во телевизиско гостување, премиерот Спасовски.

Спасовски информира и дека полицискиот час за сите се поместува од 21 до 05 наместо до 06 часот.

Утре на седница на Кризниот штаб ќе биде разгледана и можноста за целосно укинување на јавниот превоз.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Најголем дел од мерките што вчера ги предложи лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е извесно дека ќе бидат прифатени од Владата, велат владини извори.

Тоа ќе се случи многу бргу, но не се знае дали денеска или во следните денови.

Во последните неколку недели сме сведоци на големите гужви во маркетите, редиците пред помалите продавници за храна и пред аптеките. 

Се купува во паника, а пандемијата од коронавирусот направи листа на најродавани производи. 

Државата може да им ја намали платата на сите функционери, министрите, на пратениците, но не и на сите вработени во јавниот сектор без некој правен основ, вели за Фактор, Борче Давитковски, професорот на Правниот факултет.

Капацитетот на Инфективната клиника засега е пополнет само со 25 процени . Поточно,  исполнет е првиот кат со пациенти кои се болни од коронавирусот, и се целосно изолирани од другите пациенти.

На располагање на оваа клиника стојат уште три ката, кои, доколку има потреба, односно доколку се зголеми бројот на заболени, можат да примат нови пациенти.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“