09 Декември, 2025
0.4179

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Објавено во: Економија 17 Мај, 2024 09:52

Добивај вести на Viber

„Лидл Северна Македонија“, според податоците кои „Фактор“ ги провери во Централниот регистар, во 2023 веќе имал 95 вработени во земјата и нивниот број за една година се зголемил за 46 отсто.

Според билансот кој го проверивме, „Лидл“ иако уште не работи активно во малопродажбата, прикажал трошоци за вработените од 208.638.695 денари (3.420.000 евра) во текот на минатата година. Тоа значи дека германскиот малопродажен ланец на еден вработен во Македонија месечно трошел во просек по точно 3.000 евра. 

Не е познато колку од оваа сума е за нето плати, придонеси, обуки, бонуси, К-15 и слично. „Лидл“ уште во 2021 започна да објавува огласи во Македонија за повеќе од десетина слободни работни позиции за архитекти, градежни инженери, ИТ-специјалисти и за бизнис-консултанти. 

Пред околу еден месец, во компанијата биле вработени 37 лица. „Денес, им посакавме добредоје на 37 нови колеги и чекаме уште нови во претстојниот период да станат дел од нашето постојано растечко семејство Лидл. Тие ќе се приклучат на нашите тимови за продажба, синџир на снабдување, логистика, човечки ресурси, набавки, ИТ и сметководство, финансии и даноци“, беше објавено тогаш на профилот на „Линкдин“.

„Лидл“ во Македонија прикажува расходи од 519.964.849 денари (8.520.000 милиони евра), што претставуваат инвестициски трошоци и тие се зголемиле за 34 отсто. Откако е во Македонија има вложено во имот од 17,85 милиони евра. Активата која ја има на располагање за трошење е 80 милиони евра.

Има приходи од само 7.979.389 денари (околу 130.000 евра), што е разбирливо бидејќи маркетите не се отворени. Има обврски кон добавувачи од 950.000 евра и „трошоци на продадени производи“ од 1,35 милиони евра. Ова може да се поврзе со објавата на „Лидл“ дека од откупните центри за овошје и зеленчук лани имало продажби во маркетите во Србија и Бугарија.

„Извозот што ќе го реализираме преку Лидл Северна Македонија до крајот на 2024 година само во овие две земји е вреден повеќе од 2 милиони евра или четирикратен раст во однос на минатата година.

Вкусот на македонското овошје и зеленчук го направивме достапен за потрошувачите на Лидл во Србија, Бугарија, Романија, Полска, Чешка, Словачка и Германија. Од април 2023 година до март 2024 година се извезени над 3.600 палети со овошје и зеленчук. Во рамките на календарската 2024 година, со нашите локални добавувачи планираме извозот на овошје и зеленчук да достигне 4.500 палети“, изјави изминатиот период Стефан Георгиев, директор на одделот за набавки во Лидл Северна Македонија.

А.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ХОЛАНДСКИОТ СУД ГО ЗАПЛЕНИ ИМОТОТ НА ОПЕРАТОРОТ НА ТУРСКИ ТЕК: Уште еден напад врз турскиот гасовод

ХОЛАНДСКИОТ СУД ГО ЗАПЛЕНИ ИМОТОТ НА ОПЕРАТОРОТ НА ТУРСКИ ТЕК: Уште еден напад врз турскиот гасовод

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“

НОВ ПРЕСВРТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ - Цените на нафтата растат

НОВ ПРЕСВРТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ - Цените на нафтата растат

ИЗВОЗОТ НА КИНА ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ - царините ги намалија количините кон САД, но не и во останатите земји

ИЗВОЗОТ НА КИНА ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ - царините ги намалија количините кон САД, но не и во останатите земји

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

СЛЕДНАТА ГОДИНА СТАРТУВА ЗАКОНОТ ЗА СЕЗОНЦИТЕ - еве кои професии се опфатени и колку дена ќе смеат да работат

СЛЕДНАТА ГОДИНА СТАРТУВА ЗАКОНОТ ЗА СЕЗОНЦИТЕ - еве кои професии се опфатени и колку дена ќе смеат да работат

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна