25 Април, 2024
0.0327

АКО ТРЕБА - за болните од коронавирусот „на готовс“ чека и Воена болница

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Капацитетот на Инфективната клиника засега е пополнет само со 25 процени . Поточно,  исполнет е првиот кат со пациенти кои се болни од коронавирусот, и се целосно изолирани од другите пациенти.

На располагање на оваа клиника стојат уште три ката, кои, доколку има потреба, односно доколку се зголеми бројот на заболени, можат да примат нови пациенти. Или конкретно, на Клиниката за инфективни болести има вкупно 110 легла, каде што можат да бидат сместени пациентите кај кои ќе има потреба од болничко лекување. 

Покрај Инфективна во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, доколку дојде до пораст на болните од КОВИД-19, следна болница каде што тие ќе се лекуваат во Градската општа болница „8 Септември“, односно поранешна Воената болница. ГОБ „8 септември“ има 400 кревети, односно капацитет за 400 лица. „Таму има голем број предности. Односно, има и инфективно одделение и тројца специјалисти. Така што, следна институција која би ги презела болните би била „ГОБ 8 Септември“, велат од Министерството за здравство.

Практично, дури и да се оствари најцрното очекувано сценарио за пораст на бројот на заболените, нашата држава има капацитет да ги прими сите заболени кои ќе треба да бидат хоспитализирани, односно тој систем е целосно испланиран, уверуваат од Министерството за здравство. 

„Нашите експерти сметаат дека многу подобри ефекти би дало лекувањето во домашни услови за оние што имаат полесна клиничка слика, наспроти оние сценарија што ги подготвуваат некои земји, а таа е да се преадаптираат спортски сали, воени објекти и слично“, велат здравствените власти.

Инаку, веќе е познато дека “пикот“ на болните од коронавирусот се очекува на крајот на април, а се дотогаш ќе расте бројот на заболените. Се проценува дека бројот на заболени во земјава ќе достигне околу две илјади лица.

„Нашата крива на раст на бројот на заболените е поблага од европските земји. Колку мерките за ограничување на движењето ќе бидат поригидни и повеќе ќе се почитуваат, таа ќе биде поублажена“, велат здравствените власти.

Тие тврдат дека во земјава се уште нема автохтоно жариште, туку сите позитивни се во корелација со некој од „увезените“ пациенти.

Инаку, кога станува збор за тестирањето, кое од денеска ќе се закажува и преку матичните лекари, од Здравство тврдат дека нема основа граѓаните да се тестираат пред да поминат 14 дена откога оствариле контакт со заболено лице, бидејќи најмногу толку е периодот на инкубација. 

Сепак, во најголемиот број од случаевите, ако некој е заразен, тестот станува позитивен во петтиот или шестиот ден после контактот со заболеното лице. За тоа како светот ќе се справи со овој проблем, како што потенцират здравствените авторитети, се очекува дека „се ќе заврши со вакцина и со постепено стекнување на имунитет на населението на овој вирус“.

Нина Нинеска-Фиданоска 

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг