19 Мај, 2024
0.0276

Д-Р. МАЈА ПАНАЈОТОВИЌ: Полиците со витамини се празнат, витамиот Д-3 е најсилниот зајакнувач на имунитетот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Во последните неколку недели сме сведоци на големите гужви во маркетите, редиците пред помалите продавници за храна и пред аптеките. Се купува во паника, а пандемијата од коронавирусот направи листа на најродавани производи. На врвот во супермаркетите се брашното, тестенините, маслото и тоалетната хартија, додека пак во дрогериите најмногу се продаваат средствата за дезинфекција, маските, ракавиците и витамините. Граѓаните во Скопје се пожалија дека во повеќе веледрогерии не може да се најдат витамин Ц и витамин Д3.

-Поминав во неколку маркети на ДМ и во неколку аптеки. Полиците со витамини се буквално празни. Не можам да најдам никаде витамин Ц со продолжено дејство и Витамин Д3, она што сега слушаме од докторите дека е најпотребно. За жал, во моментов немаат, вели Ида Стојановска од Скопје.

Лекарите пак велат дека имунитетот не се гради преку ноќ, па сега кога владее паниката во светот, луѓето наеднаш сакаат да внесат што поголеми количества витамини. Д-р. Маја Панајотовиќ, специјалист по медицина на трудот вели дека за силен имунитет, кој може да се избори со вирусни инфекции, потребно е подолго време континуирано да се внесуваат витамините.


-Кога беше епидемијата на свинскиот грип, витаминот Д3 се препорачуваше задолжително, како еден од најсилните имунобустери. За жал, моите студии покажуваат дека дури 60 проценти или 1 милијарда од вкупната популација во светот има ниско ниво на витамин Д3. А, дефицитот на витамин Д е најчест кај постарите луѓе поради намалениот внес преку храната и малата изложеност на сонце. Токму затоа, и најголемиот број починати од коронавирусот во светот се луѓе над 60 години, кои немаат силен имунитет и имаат други здравствени состојби. Тие едноставно не може да се изборат со болеста, вели д-р. Панајотовиќ.

Таа појаснува дека новите лабораториски истражувања се повеќе ја докажуваат улогата на витаминот Д во превенција и лекување на многу други болести: превенција и лекување на дијабетес, превенција на хипертензија, зголемено ниво на холестерол, превенција на хронична обструктивна болест, астма, бронхитис, алергиски ринитис, како и превенција од сезонски грип и други заболувања на имуниот систем. Според истражувањата на д-р. Панајотовиќ, потребните дневни дози од витамин Д се 600IE – 800IE. Кај повозрасната популација и кај луѓето со остеопороза дозите можат  да се зголемат и до 2000IE без никакви опасности по здравјето. 

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“