19 Мај, 2024
0.0312

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Рашковски е уапсен, но наместо ефективен, доби куќен притвор

Објавено во: Македонија 16 Април, 2021

Добивај вести на Viber

ДРАГИ РАШКОВСКИ ДОБИ КУЌЕН ПРИТВОР

Обвинителството ќе се жали на одлуката на судот да му биде одреден куќен, наместо ефективен притвор на eкс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. 

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе жалба на одлуката на Кривичниот суд да му биде одреден куќен притвор, а не ефективен притвор, на Рашковски. Обвинителката која ја води истрагата, Ивана Трајчева вели дека тие поднеле доволно докази за околностите за одредување на притвор.

„Со мерката куќен притвор сметаме дека и понатаму ќе постои опасност од влијание на сведоците и останатите материјални докази кои треба да бидат прибавувани,“ изјави Трајчева.

Судот одлуката ја образложи со тврдење дека Обвинителството не доставило доволно докази за поткрепа на основите на сомнение поради кои се бара притвор, односно не приложиле доказ дека осомничените се имотни и доказ како осомничените влијаеле или ќе влијаат на истражната постапка.

Судот му одреди куќен притвор и на Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп“ којашто го доби тендерот за софтверот. 

Рашковски утрово е приведен и спроведен до судот откако вчера Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција вчера отворило истрага за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци. За овој случај се крена прашина во јавноста и се бараше одговорност. 

ИМА ДОГОВОР ЗА ДРЖАВЈАНСТВАТА

Има решение за Законот за државјанства, но детали засега не се соопштуваат. 

Премиерот Зоран Заев и лидерите на опозициските албански политички партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши на средбата во Собрание постигнаа договор, но детали ќе се соопштат откако ќе се стави на хартија предлогот со точни правни формулации.

„Ова што го договоривме ќе го ставиме на хартија, бидејќи има и правни формулации, за потоа да можеме и да ги соопштиме и самите детали“, изјави Заев. 

На законското решение ќе се работи веднаш. 

ДЕНЕС ИМА 908 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 367, Битола – 71, Куманово – 64, Прилеп – 49, Штип - 40, Велес и Охрид – по 39, Тетово - 38, Струмица – 24, Гостивар – 21, Кичево - 19, Кочани - 18, Кавадарци – 16, Гевгелија – 14, Свети Николе и Виница – по 11, Крива Паланка и Дебар – по 10, Неготино – 9, Струга – 8, Берово, Пробиштип, Валандово и Богданци – по 4, Ресен и Делчево – по 3, Радовиш, Крушево и Кратово – по 2, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1 .

Регистрирани се 732 оздравени пациенти од:

Скопје – 339, Куманово и Прилеп – по 56, Битола -43, Велес – 37, Тетово – 35, Гостивар -29 , Штип – 25, Кочани и Кичево – по 16, Берово – 15, Гевгелија - 14, Ресен, Радовиш и Пробиштип – по 7, Виница - 6 , Струмица и Свети Николе – по 5, Крива Паланка – 4, Валандово - 3, Делчево – 2, Крушево, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1.

ОПЕРАТИВЕЦОТ НА ЦУК НЕ БИЛ ВИНОВЕН ЗА ТРАГЕДИЈАТА КОЈА СЕ СЛУЧИ ВО КРАТОВСКО

Комисијата на Центарот за управување со кризи констатираше дека дежурниот оперативец Лупче Крстевски не бил виновен, туку дека станува збор за недоразбирање, кога докторот Павле Зафиров му се јавил за помош да се пренесе премрзнатиот 63-годишен овчар од кратовско Емирица кој во меѓувреме почина и дека своето незадоволство од исходот лекарот го пренел на погрешен начин.

- Да бараме од докторот да се извини е тежок збор, но да каже дека погрешил со тоа што рекол дека сме рекле дека сме ненадлежни. Јас сум отрпнат, долго сум во политиката, но овие луѓе не го заслужија тоа. Се работи за недоразбирање, а ќе го поканам и докторот за да ја слушнам неговата верзија, рече Стојанче Ангелов на денешната презентација на заклучоците од интерната комисија на ЦУК.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

„КБ Прво пензиско друштво“ лани остварило добивка од 2,27 милиони евра и таа е за 12,6 отсто повисока од 2019 година. Веројатно затоа друштвото „не штеди“ на плати за своите вработени и една од ретките компании во кои просечна нето плата по вработен е повисока од 1.000 евра

Maтичните лекари кои работат во малите општини имаат мал број на пациенти, со што не можат да се потпрат на сумата која ја добиваат за капитација, и сметаат дека треба да бидат стимулирани од државата. Дополнително, велат дека и износот на капитацијата е мал и би требало да се зголеми. 

Случаите на инфекција со вируси дури и по вакцинирањето не се изненадувачки и не сугерираат дека нешто не е во ред со вакцините или дека биле дадени неправилно, велат експертите откако голем број примери во Македонија укажуваат дека и по примена прва доза од вакцината против Ковид-19 сега се заразени со корона вирусот.


Иван Туџаров генерален директор на Реплек и Даница Зимбакова денеска како акционери кои имаат над пет отсто сопственост во друштвото доставија до берза информација со предлог нови членови на Надзорниот одбор на  компанијата. 

Си заминаа половина час пред полноќ и иако наводно си го одработеа работниот ден вчера, пратениците не успеаја да се договорат и да ги изгласаат трите закони кои се однесуваат на мерки за помош на стопанството предложени со Петтиот владин пакет мерки. 

Нема да бидат потребни дури 300.000 евра за да се основа друштво за управување со отворен инвестициски фонд. Наместо како досега, таа сума ќе се сведе на помалку од двојно, односно на 125.000 евра.

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид