19 Мај, 2024
0.0288

Дежурниот оперативец на ЦУК не бил виновен за трагедијата со премрзнатиот овчар од кратовско

Објавено во: Македонија 16 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Комисијата на Центарот за управување со кризи констатираше дека дежурниот оперативец Лупче Крстевски не бил виновен, туку дека станува збор за недоразбирање, кога докторот Павле Зафиров му се јавил за помош да се пренесе премрзнатиот 63-годишен овчар од кратовско Емирица кој во меѓувреме почина и дека своето незадоволство од исходот лекарот го пренел на погрешен начин.

- Да бараме од докторот да се извини е тежок збор, но да каже дека погрешил со тоа што рекол дека сме рекле дека сме ненадлежни. Јас сум отрпнат, долго сум во политиката, но овие луѓе не го заслужија тоа. Се работи за недоразбирање, а ќе го поканам и докторот за да ја слушнам неговата верзија, рече Стојанче Ангелов на денешната презентација на заклучоците од интерната комисија на ЦУК.

Во болницата во Штипна почетокот на април почина 63-годишниот жител на кратовското село Емирица, кој пет часа бил носен на раце низ тешко прооден планински терен за да се спаси неговиот живот. Овчарот кој беше пронајден во тешка здравствена состојба, откако 12 часа лежел на снег во близина на домот, имал мозочно крварење и изминативе денови бил во кома. 

- Ретко кој го знае бројот 195, иако во иднина бројот 112 ќе се користи за сите служби. Се работи за несовршен систем со слабости, но за пет до шест месеци истите ќе се отстранат. Дежурниот оперативец е лице со преживеана сообраќајна несреќа и има мали деца, а во случајов професионално си ја вршел работата, рече Ангелов.

Центарот за управување со кризи го презентираше конечниот извештај на Комисија за утврдување на правилноста во примената на мапите на работен процес формирана на 5 април за работењето на РЦУК Кратово, РЦУК Куманово и Дежурниот оперативен центар (ДОЦ) на ЦУК, во врска со настанот во Општина Kратово за спасување на настраданиот од мозочен удар и премрзнување од високопланинското село Емирица.

Комисијата изготви информација со опис на самиот настан и детална анализа со констатирани забелешки во самите мапи на работен процес, со препораки како да се постапува во иднина. Пропустите, рекоа од таму, се во самите мапи на работен процес за Кратово и Куманово кои се од поодминато време. 



Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт