25 Април, 2024
0.0291

Продолжува акционерската битка во Реплек: Туџаров и Зимбакова предлагаат нови членови на Надзорниот одбор

Објавено во: Економија 16 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Иван Туџаров генерален директор на Реплек и Даница Зимбакова денеска како акционери кои имаат над пет отсто сопственост во друштвото доставија до берза информација со предлог нови членови на Надзорниот одбор на  компанијата. Туџаров преку соопштение од Реплек веќе тврдеше дека не е точно оти е отповикан Надзорниот одбор откако на седницата на редовното Годишно собрание на 8 април годинава мнозинството акционери не ја усвоија информацијата за работата на одборот. Акционерите предводени од Душан и Владимир Пецоски тврдат дека со неодобрувањето на работата и на Надзорниот и на Управниот одбор практично автоматски им престануваат функциите на членовите на овие одбори, што е во согласност со Законот за трговски друуштва. Сепак Туџаров и другите менаџери останаа на позициите, а седницата на продолжување на годишното собрание е закажана за на 22 април годинава.

Во последната објава Туџаров и Зимбакова ги предлагаат за членови на НО, Беака Василако, Јулијана Колева Русовска, Маја Давчева и Бојан Аврамовски за независен член.

На 10 април од Реплек соопшија дека е точно дека акционерите не ја изгласале точката за одобрување на работата на надзорниот и управниот одбор, но точката за отповикување ќе биде на дневен ред на 22.04.2021.

„По повод годишното собрание на Реплек АД одржано на 08.04.2021, дезинформациите и погрешните толкувања кои кружат во јавноста, ве известуваме: Точно е дека акционерите не ја изгласаа точката за одобрување на работата на надзорниот и управниот одбор, но точката за отповикување и именување на нови членови на надзорниот одбор, ќе се спроведе на продолжената седница на собранието која ќе се одржи на 22.04.2021. До тогаш нормално ќе функционираат досегашниот управен и надзорен одбор, се вели во соопштението.

Но мнозинството акционери се повикуваат на членовите 363 и 384 од Законот за трговски друштва според кои доколку акционерите не ја одобрат работата на одборите ним автоматски им престанува функцијата. Акционерите кои не гласаа за доверба на генералниот директор Иван Туџаров и останатите менаџери доставија за ова информации до Комисјата за хартии од вредност и до Македонска берза.

Инаку во Реплек, Иван Туџаров поседува 11,2 отсто обични акции. Друштво за трговија и услуги Ситко Антоинио Доел има 6,1 отсто, Сава Пензиски фонд има 6,4 проценти. Владимир Пецоски поседува 5,79 од акциите, Душан Пецоски 11, 92 проценти, а Славица Туџарова 11,57 отсто.

Сите детали за настаните во Реплек овде

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?