26 Април, 2024
0.0412

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови 52 позитивни на Ковид - 19, Филипче разочаран од непочитувањето на мерките

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 29 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

ПОРАСНА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ, НОВИ 52

Во последното деноноќие бројот на заразени повторно се зголеми. Од Комисијата за заразни болести која се уште држи состанок, за Фактор потврдуваат дека бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19 изнесува 52.

Велат зголемувањето на бројот на нови заразени пациенти можело и да се очекува, особено по укинувањето на рестриктивните мерки.

Инаку, најголемиот број новозаразени се од веќе вчера споменатите скопски општини, Сарај, Чаир, Бутел....

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ РАЗОЧАРАН ОД НЕПОЧИТУВАЊЕТО НА МЕРКИТЕ

Состојбата ќе ја следиме интензивно, и доколку и понатаму расте бројот на заразени граѓани од одредени општини, а само поради фактот дека не се почитуваат мерките кои ги препорачуваме, во текот на следната недела ќе ја разгледаме можноста за воведување карантински мерки во тие општини, изјави денеска на прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче.

Најкритично, според него е во општините Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром.

-Информациите кои ги добивме од терен за непочитување на мерките беа индикатор да направиме контроли за степенот на почитување на мерките и за спроведување на процесите со епидемиолошките препораки. Во Тетово е констатирано дека не се почитува самоизолацијата и на сите изречени мерки, односно не се носта маски и не се држи потребното растојание. 

Во Штип е утврдено непочитување на протоколот за транспорт на вработените во конфекциските фабрики.

Доколку продолжи тенеденцијата на голем број на позитивни случаи на заболени од Ковид-19 не се исклучува можноста за повторно враќање на рестриктивни мерки, предупреди денеска премиерот Оливер Спасовски.

Техничкиот премиер денеска пред медиумите во Крива Паланка рече дека државата постојано не може да остане во вонредна состојба.и укажа дека овие бројки доаѓаат од рестриктивниот период.

Денеска повторно во Владата ќе се разговара и ќе се проценува дали ќе биде продолжена повторно вонредната состојба во државата, а утре претседателот Стево Пендаровски треба да одлучи дали тоа ќе биде сторено.

АМЕРИКАНСКИ И ГРЧКИ ВОЕНИ АВИОНИ ГО ПРЕЛЕТАА СКОПЈЕ

Денеска точно попладне два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Грција извршија прелет над територијата на Република Северна Македонија. 

Прелетит беше во чест на нашето членство во НАТО. Авионите летаа долж реката Вардар, а дојдоа од правец на скопскиот аеродром. 

Станува збор за два американски Б-1Б Лансери кои се сметаат за основа на американските бомбардерски сили на долг дострел, придружувани од четворица грчки ловци Ф-16.

Американските авиони полетаа вчера од сојузната држава Јужна Дакота и имаа 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Маврово важи за една од нашите најубави места во државата. Живописно место, идеално за одмор и релаксација преку целата година. Но досега, единствена можност да се поседува своја недвижност беше да се купи земја на која ќе изградите своја викендица.

Услужните дејности за обезбедување имот и лица имаат голем потенцијал и се солиден бизнис.

Ангажираат голема работна сила, на пазарот опстојуваат по дваесетина и повеќе години. 

Дрвокрадците во Македонија во 2019 избегнале казна од 230 милиони денари, која инаку би требало да ја платат како повеќекратна санкција од вредноста на дрвото доколку би биле фатени од шумарочуварските служби, шумската полиција и другите органи на прогонот.

Во ексклузивно интервју за Фактор, по подолг период во кој не можеа да се слушнат неговите јавни ставови за економските прилики во земјава, еден од најпопуларните и врвни македонски бизнисмени, Светозар Јаневски, сосема искрено говори за големата загуба која за стопнството ја донесе корона кризата.

Со најтешка клиничка слика во последните два-три дена доаѓаат заразени пациенти со корона вирусот во Градската општа болница „8 Септември“. Директорот, д-р. Христијан Костов за Фактор потврди дека новите пациенти кои ги хоспитализираат, за 24 часа завршуваат на респиратор.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?