28 Март, 2024
0.0263

МЕРКИТЕ НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ: Можни се карантински мерки за општините од каде доаѓаат најмногу заразени

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Состојбата ќе ја следиме интензивно, и доколку и понатаму расте бројот на заразени граѓани од одредени општини, а само поради фактот дека не се почитуваат мерките кои ги препорачуваме, во текот на следната недела ќе ја разгледаме можноста за воведување карантински мерки во тие општини, изјави денеска на прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче.

Најкритично, според него е во општините Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром.

-Информациите кои ги добивме од терен за непочитување на мерките беа индикатор да направиме контроли за степенот на почитување на мерките и за спроведување на процесите со епидемиолошките препораки. Во Тетово е констатирано дека не се почитува самоизолацијата и на сите изречени мерки, односно не се носта маски и не се држи потребното растојание. Во Штип е утврдено непочитување на протоколот за транспорт на вработените во конфекциските фабрики. Во автобусите се возат од сите околни места и не се почитува правилото за процент на пополнетост и носење маски. Загрижува тоа што има информации за граѓани кои и со решение за самоизолација се шетаат надвор и барам апсолутно поголема ажурност од МВР и санкции на оние кои не ги почитуваат мерките, истакна Филипче.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење