(ВИДЕО) Американски и грчки воени авиони го прелетаа Скопје
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2020
Видео: Димитар Петровски
Денеска точно попладне два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Грција извршија прелет над територијата на Република Северна Македонија.
Прелетит беше во чест на нашето членство во НАТО. Авионите летаа долж реката Вардар, а дојдоа од правец на скопскиот аеродром.
Станува збор за два американски Б-1Б Лансери кои се сметаат за основа на американските бомбардерски сили на долг дострел, придружувани од четворица грчки ловци Ф-16.
Американските авиони полетаа вчера од сојузната држава Јужна Дакота и имаа 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух.
Прелетот беше на височина од 1.500 метри.