20 Април, 2024
0.0404

За дрвокрадците 230 милиони денари казна што нема „никогаш“ да ја платат

Објавено во: Економија 29 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Дрвокрадците во Македонија во 2019 избегнале казна од 230 милиони денари, која инаку би требало да ја платат како повеќекратна санкција од вредноста на дрвото доколку би биле фатени од шумарочуварските служби, шумската полиција и другите органи на прогонот.

Според извештајот на „Национални шуми“ за работењето во ланската година, непознати сторители без дозвола исекле 26.729 метри кубни дрво, додека плус 1.105 метри кубни ги украле. Станува збор за многу поголеми бројки во однос на 2018, кога биле исечени и украдени 21,5 илјади м2 кубни дрво, а казната за оние кои се офајдиле тогаш инаку би била 120 милиони денари.

За непознатите сторители биле поднесени 21 прекршочни и 9 кривични пријави, од кои најмногу во реонот на Тетово. Фатените дрвокрадци се многу помалку. Во 455 случаи биле исечени 680 метри кубни и за тоа ќе треба да платат казна од 6 милиони денари, а имало и 182 случаи во кои се крадело готово дрво и за тоа ќе треба да платат повеќекратна сума од 2,8 милиони денари. Станува збор за 497 прекршочни и 75 кривични пријави.

„Заштита на шумите од шумски штети претставува сериозен фактор во зачувување на шумскиот фонд. Бројот на прекршителите, односно сторителите на шумски штети и кражби на дрво во последните години се зголемува, а со тоа на шумскиот фонд му се нанесуваат значителни штети“, гласи заклучокот на Секторот за заштита на шумите, надзор и внатрешна контрола.

Вкупно 13,3 милиони евра е финансиската комерцијална штета што ја претрпела Македонија од ланските вкупно 402 шумски пожари. Станува збор за дрво кое инаку би се продало по таа сума доколку не изгорело. Годишниот извештај на „Национални шуми“ за 2019 покажува дека на 15,6 илјади хектари изгореле 96.000 метри кубни дрво во вредност од 808.669.316 денари. Вкупните трошоци за гасење изнесувале 10 милиони денари. 

Најмногу штета - повеќе од 250 милиони денари имало во мартовските пожари лани кога ги имало преку 223 на број. Скоро сите пожари биле предизвикани или од невнимание, или од палење на стрништа, пасишта и земјоделски површини и тоа надвор од шума, Овој месец е рекордер во поновата историја по предизвиканата штета во земјата.

За разлика од 2018, лани била опожарена пет пати поголема површина и 16 пати повеќе опожарена дрвена маса, како и безмалу 12 пати поголема парична вредност на дрвото. Во 2018 „пламнале“ само 70 милиони денари. Лани имаше две делумни забрани за движење во шумите во март/април и авгист/септември.

Од јавното претпријатие велат дека го чуваат можеби највредниот македонски ресурс со помош на посебно софтверско решение против пожари и со консултации со домашни и странски експерти. 

За разлика од кражбите, кои се во постојан нагорен тренд, кај пожарите има варијации од година в година во штетите, па така во 2017 таа изнесуваше 32 милиони евра.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ