18 Мај, 2024
0.0321

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема прогласување на вонредна состојба, се чекаат резултати за 7 сомнителни

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

ВО МАКЕДОНИЈА ЗАСЕГА НЕМА ПРОГЛАСУВАЊЕ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Претседателот Стево Пендаровски вечерва по Советот за безбедност изјави дека заклучокот за Дебар и Центар Жупа е дека има одлична соработка меѓу институциите. 

Вели дека поставеноста на државата во овој момент е соодветна. 

За заразените наведе дека  епод потребен здравствен мониторинг. 

Ако има потреба, може да се препорача прогласување кризна состојба и во други општини. 

Вели дека не треба да се избрзува со прогласување на кризна состојба. 

Додаде дека дури и без вонредна состојба, може да се ограничи движењето на граѓаните од една во друга оппштина. 

„Прва, основна причина е дека нема потреба и второ јасно е секаде во светот за жал, кризата ќе трае. Кризата не е тука за недела, или две“, изјави претседателот. 

Рече дека се мобилизирани максимално кадрите во здравството. 

СЕ ЧЕКААТ РЕЗУЛТАТИ ЗА СОМНИТЕЛНИ СЛУЧАИ

Нема нови дијагностицирани од коронавирус a  во овој момент се тестираат седуммина пациенти со симптоми на грип.

Првата пациентка е испуштена на домашно лекување, а сите кои биле во контакт со неа се здрави покажале тестовите, соопшти министерот Венко Филипче на прес конференцијата.

Непроменета е состојбата на сите други 18 пациенти , од кои 13 се на инфективната клиника, а пациентката која е на респираторната машина е стабилна.

Добра е состојбата на пациентите во Дебар, со добра клиничка слика се сите тие и се на домашно лекување.

Во овој момент се тестираат седуммина пациенти тројца се од Дебар и тие имаат симптоми на грип, двајца пациенти во Штип и двајца кои се на Инфективна, тие четворица се со анамнеза дека патувале во Австрија и Германија во изминатиов период, кажа министерот.

СЕ БАРА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска побара одложување на предвремените парламентарни избори и свикување на лидерска средба. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, истовремено рече дека за ваква одлука треба да се почека, бидејќи кризата може да заврши до 12 април.

- За тоа треба да се донесе заедничка одлука. Тоа ќе разгледаме заедно, бидејќи треба да се процени и каква ќе биде штетата ако се одложат изборите а во меѓувреме кризата заврши. Кога ќе се стабилизира состојбата, тогаш би можеле да се одржат изборите. Треба да се види и какви би биле економските штети доколку се одложат изборите. Како и да е, заедно да го дефинираме ставот за потребата од одложување на изборите, а потоа и заедно да одлучиме за новиот датум, рече Заев.

Мицкоски смета дека изборите според актуелниот важечки датум - 12 април би се одржале во пикот на кризата со корона вирусот.

ГЕРМАНИЈА ЗАТВОРА СЕ, A ВО САД СЕ ТЕСТИРА ВАКЦИНА

Во Германија ќе работат само маркети, пазари, банки и аптеки. 

Се затвораат кафулиња, клубови, театри, музеи, и цркви за да го забават ширењето на коронавирусот. 

Рестораните и другите објекти за јадење ќе бидат отворени помеѓу 6 и 18 часот.

Целта на властите е ограничување на социјалните контакти на јавни места како одговор на епидемијата на коронавирусот во Германија.

Првите тестови за испитување на потенцијалната вакцина за спречување на КОВИД-19 започнаа денеска, потврдија здравствените власти на САД.

Да се ​​најде „безбедна и ефикасна вакцина“ за да се спречи инфекцијата од новиот коронавирус „е итен приоритет на јавното здравство“, рече д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести. 

Првата фаза започна рекордно брзо, и таа е чекор кон крајната цел. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во тек е изготвување на е-платформата во Општина карпош во сите 10 училишта со наставници кои предаваат во 9 оддление, а се работи во согласност со насоки од Бирото за развој кое изготвува скратен наставен план програма, како и во коодринација со Министерството за образование.

-Само со ваква платформа може успешно да се реализираа оваа скратена програма, а учениците да не бидат оштетени.

Градежните компании не ја стопираа својата работа, а такво нешто засега не е ни побарано од властите во форма на препорака или одлука.

На секој чекор можат да се забележат градилишта кои функционираат под полна пареа.

Тоа не е забрането, барем според досегашните мерки на Владата.

Службата за општи и заеднички работи на Владата на РСМ не го користела ГПС-системот за зледење на користењето на владините возила, а нереализираната препорака која ја нотира државниот ревизор во својот најнов извештај.

На вонредна седница која денеска се одржала електронски Народнат абанка ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени односно на нивото од 1,75 проценти. Од централната банка соопштуваат дека ова е второ намалување на каматната стапка оваа година, по намалувањето во јануари.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8