29 Април, 2024
0.0274

Училишната настава ќе продолжи онлине, МРТВ почна да го реализира проектот ТВ-училница

Објавено во: Македонија 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Во тек е изготвување на е-платформата во Општина карпош во сите 10 училишта со наставници кои предаваат во 9 оддление, а се работи во согласност со насоки од Бирото за развој кое изготвува скратен наставен план програма, како и во коодринација со Министерството за образование.

-Само со ваква платформа може успешно да се реализираа оваа скратена програма, а учениците да не бидат оштетени. Во исчекување на подготовка на оваа платформа и другите е-платформи за останатите оделенија, во училиштата сме организирани преку вибер групите што ги имаат учениците, родителите и наставниците да им даваа задолженија и насоки на учениците според неделните и дневните планирања. Наставниците ќе бараат повратна иформација за стекнатото знаење од учениците, со претходоно дадени насоки, појаснува Елка Даскалова, директорка на ООУ „Владо Тасевски“.

Како ќе се оценат учениците по одреден предмет?

Даскалова информира дека ќе се даде задолжение на ученикот по одреден предмет, на пример да се прочита лектира, а потоа во тетратката да се раскаже содржината, да се анализираат ликовите, да се напише тема и идеја, а тетратката ќе ја донесе кога ќе почнат училиштата да работат. Врли дека и за овој начин на учење е потребна самодициплина и свесност.

-Второ, преку линковите, учениците ќе имаат самооценување. Самиот линк му дава повратна информација на ученикот дали одговорот е точен, и дали може да продолжи на следното ниво, на пример треба да ги напише броевите деливи со бројот 8, информира Даскалова.

Инаку, МРТВ од денеска почна да го реализира проектот ТВ-Училница, со емитување на едукативна програма на трите канали. „Во наредниот период, предвидено е да се емитуваат едукативни содржини по предметите кои учениците ги изучуваат во училиште.На програмата предвидено е наставници да предаваат лекции кои во овој период требаше да бидат совладани согласно со наставните планови и програми, а за децата од претшколска возраст ќе се емитуваат едукативни емисии и приказни согласно со нивната возраст.Првата тема е посветена на хигиената затоа што, како што соопшти МОН, таа е секогаш исклучително важна, но особено во овој период мора да биде подигната на највисоко ниво.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени