ТЕСТИРАЊЕТО ПОЧНА: На чекор до вакцина која ќе се избори со коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Март, 2020 19:08
Првите тестови за испитување на потенцијалната вакцина за спречување на КОВИД-19 започнаа денеска, потврдија здравствените власти на САД.
Да се најде „безбедна и ефикасна вакцина“ за да се спречи инфекцијата од новиот коронавирус „е итен приоритет на јавното здравство“, рече д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести.
Првата фаза започна рекордно брзо, и таа е чекор кон крајната цел.
Американски научници денеска почнаа со први тестирања на вакцина против коронавирусот, во што ќе учествуваат 45 здрави волонтери.
Експертите велат дека ќе бидат потребни неколку месеци пред да се знае дали вакцината, како и други кои се развиваат, ќе функционира.
Претходно, Берлин го осуди обидот на САД да купат права на вакцина против коронавирус.
На создавање вакцина која ќе го победи вирусот работат израелски, но и француски научници.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




