29 Април, 2024
0.1356

Владата не ги користи ни ГПС-уредите ниту софтверот за возниот парк

Објавено во: Економија 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Службата за општи и заеднички работи на Владата на РСМ не го користела ГПС-системот за зледење на користењето на владините возила, а нереализираната препорака која ја нотира државниот ревизор во својот најнов извештај.

Од 64 навигациони уреди, само 20 се инсталирани во возила кои што се користат, но истите не се во функција. Од одговорните лица следувало одговор дека технологијата е стара 10 години и дека не е во функција со што не е исполнета целта на јавната набавка.

Државниот завод за ревизија му препорачува на СОЗР да го користи набавениот софтвер за употребата на возниот парк, да направи анализа за неговото користење и да поднесува месечни извештаи. Софтверот за управувањето со возниот парк бил набавен во 2018 од службата, но веднаш запоставен, а како една од причините за тоа одговорните лица ја навеле можната злоупотреба на шифрите.

Во 2018 од 49 возила доделени на постојано користење, од нив 29 биле управувани од возачи на СОЗР, 12 биле управувани од лица на МВР и 8 од самите корисници. Ревизорот бара возилата да не бидат управувани од возачи кои не се вработени во СОЗР, односно да добијат полномошно.

Во 2018 било пресметано дека 147-те возила на СОЗР просечно трошат 9,5 литри гориво на 100 километри, а дури 4 од нив трошеле над 20 литри на 100 километри. Во однос на периодот пред 2014 година, потрошувачката била намалена, констатира ревизорот.

Службата била ефикасна во рационализирањето на возниот парк и со продажбата на старите автомобили. Продала 270 преку четири огласи од од 2013 до 2016, а 91 возило во моментов се на проценка за да бидат продадени.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи