ЗА ГРАДЕЖНИЦИТЕ НЕМА ПОШТЕДА - имаат ли услови за хигиена и безбедна раздалеченост
Објавено во: Економија 16 Март, 2020 13:45
Градежните компании не ја стопираа својата работа, а такво нешто засега не е ни побарано од властите во форма на препорака или одлука.
На секој чекор можат да се забележат градилишта кои функционираат под полна пареа. Тоа не е забрането, барем според досегашните мерки на Владата.
Но, дали тие се безбедни за работниците од аспект на превенција од коронавирусот, со оглед што таму рботат на отворено, па прашање е колку имаат услови за хигиена и миење на рацете. Исто така, не се на безбедна оддалеченост од метар и половина како што се препорачува, а често и меѓе себе си го подаваат алатот. Не ретки се сликите и како заеднички појадуваат или ручаат.
За сите овие дилеми Фактор разговараше со Иван Пешевски, заменик претседател на Синдикатот за градежништво.

Тој вели дека генерално градежните компании ги почитуваат апелите на Владата, а меѓу нив и препораката оние што имаат мали деца до 10 години да не доаѓаат на работа. Многу од градежните фирми чии синдикати се членки на ССМ дури и самоиницијативно решиле да не работат.
„Има многу компании кои еве веќе втора недела како не работат, односно работниците кои се наши членови не одат на работа“, вели Пешевски за Фактор.
Сепак, и тој признава дека многу од компаниите, особено приватните инвеститори во високоградбата, и натаму работат, речиси 90 проценти од нив. Иако беше препорачано да се изведуваат само неодложните градежни активности, тоа не важи за многу градежни фирми.
Но, најголем проблем е што не се знае колку се почитуваат препораките за превенција од коронавирусот.
„Видете, дури и во услови кога нема ваков вирус, за работниците е задолжително да има средства за дезинфекција, како и чешми, вода и сапун како би имале каде да ги мијат рацете, а да не зборуваме, пак, за вакви состојби. Исто така, за работниците мора да бидат обезбедени и посебни простории за преоблекување, но и посебни простории за исхрана“, објаснува Пешевски.
Но, дали сите овие обврски се почитуваат, според Пешевски, треба да проверуваат на терен постојано и Трудовиот, и Санитарниот инспекторат.
„Тешко е за очекување дека инвеститорите ќе ги почитуваат сите препораки. Затоа, инспекторите треба постојано да бидат на терен и да контролираат, а за оние што имаат пропусти - да се изрекуваат и казни. Поинаку не може“, вели за Фактор заменик претседателот на Синдикатот за градежништво.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања





