14 Декември, 2025
0.2170

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kрмов искрши мoнитор, микрофон, фрлаше амандмани, а Апасиев удираше печат со чевел

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2023 20:57

Добивај вести на Viber

ЛЕВИЦА НАПРАВИ ИНЦИДЕНТ ВО СОБРАНИЕТО

Инцидент имаше денеска во Собранието. Пратеникот од Левица Борислав Крмов, фрлаше амандмани врз потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, со барање да се прекине седницата. На него му се придружи и пратеникот Димитар Апасиев. Бараа да се прекине седницата бидејќи не им се архивирани амандманите кои ги поднеле. Крмов искрши еден монитор. 

Претходно, собранискиот спикер Талат Џафери, ги фрли во отпад 1.449 амандмани кои ги поднесе Левица. 

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев со чевел им ставаше печат на амандманите во Собранието. 

„Ова е по сите шверцерски стандарди на ДУИ“, вели тој. 

 Пратеникот од ДУИ, Арбен Зибери, се обиде да го нападне Крмов од Левица, но меѓу нив се испречи претседателот на Собранието, Талат Џафери.

ОСУДИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ

Oткако пратениците на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев денеска на седница, скршија монитор и микрофон и фрлаа амандмани кон заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, со реакции се јавија од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. 

Од СДСМ го осудуваат дивеењето на Левица во Собранието, кршењето и нападот на потпретседателот на Собранието и генералниот секретар.

МОЖНО Е ДА ИМАМЕ ДВОЈНИ ИЗБОРИ НА 8 МАЈ

Двојни избори можно е да се одржат на 8 мај идната година.

Тоа е можниот датум за одржување на втор круг од претседателските избори заедно со парламентарните. Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите во нивниот редовен термин, но дека конечниот договор меѓу партиите ќе се соопшти деновиве.

Во согласност со уставните рокови, 8 мај е последен термин во кој може да се одржи втор круг од претседателските избори и прв термин за одржување на парламентарните избори. Спикерот Талат Џафери неодамна објасни дека единствен термин за да се одржат заедно претседателските и парламентарните избори во редовен термин е 5 мај, но затоа што на тој датум се паѓа Велигден, споени избори може да има на 8 мај во среда. Со реакција се јавија од ВМРО-ДПМНЕ.

ЌЕ ПОСКАПЕ СТРУЈАТА ЗА ТРЕТИОТ И ЧЕТВРТИОТ БЛОК

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска како одговор на новинарско прашање рече дека прифатливи се сугеститите на Меѓународниот монетарен фонд за намалување на субвенциите од страна на државата за плаќањето на електричната енергија од страна на државата.

Според Битиќи, тоа ќе значи дека зголемувањето на цената ќе падне на товар на поголемите корисници - односно на оние кои активно користат електрична енергија од третиот и четвртиот блок.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Државата преку Бирото за процена сеуште прави анализи на вредноста на експропријациите на проекти кои требаше да бидат завршени години наназад. 

Наједноставно кажано сега се бара „јунак“ кој црно на бело ќе гарантира дека може и има пари да ги превземе и плати сите долгови на „Еуроникел Индустрис“ односно поранешниот гигант ФЕНИ.

Поради високите температури невообичаени за овој период од годината, дел од овошните дрвца во земјава процутеа.

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина