14 Декември, 2025
0.0342

Се вршат проценки за капитални проекти што требаше да бидат готови пред неколку години

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2023 07:50

Добивај вести на Viber

Државата преку Бирото за процена сеуште прави анализи на вредноста на експропријациите на проекти кои требаше да бидат завршени години наназад. Во објавениот стратешки план за 2024-2026 на поранешното „Биро за судски вештачења“ пишува дека во првата половина на 2023 како најзначајни процени кои се реализирани, меѓудругото се и оние за изградба на магистрален гасовод делница Скопје – Тетово – Гостивар и за изградба на брана и акумулација Конско со придружни објекти.

Браната Конско беше проектирана во текот на 2016 година, беа одобрени средства и требаше да почне да се гради на почетокот на 2017 година, со поставена цел да биде завршена до крајот на 2019 година. 

Овој систем треба да чини 40 милиони евра. Инаку, договорот со компанијата „Серка“ за изградба на „Брана Конско“ беше склучен од поодамна, па и од самата компанија на прес конференција нагласија дека изградбата на браната првично било планирано да заврши кон крајот на 2020 година, но поради здравствената криза, бавната работа на некои институции, како и задоцнетото пристигнување на специјални материјали и опрема од странство, кои се дефицитарни кај нас, придонеле да се пролонгира предвидениот рок за завршување на градежните работи

Изградбата според неодамнешните проценки на Министерството за земјоделство требаше да заврши до крајот на јуни оваа година. После ова треба да следи период на полнење на браната и период на неопходно тестирање, после што ќе биде пуштена во употреба. На браната, чиј капацитет на акумулација изнесува 21 милион метри кубни вода, стручните лица од фирмата изведувач тогаш нагласија дека ќе и треба време за полнење од една до две години, во зависност од количината на врнежи во тој период. Инаку, Браната „Конско“ е најголем капитален проект во општина Гевгелија во изминативе 50 години. Изградбата на оваа брана почна во јули 2018 година,

Трасата за магистралниот гасовод Скопје – Гостивар е над 90 отсто завршена, според последните информации од „Номагас“. од таму претходно информираа дека остатокот на недовршената работа се должи на спорови околу експропријацијата и тоа најчесто поради оспорување на висината на обесштетувањето. Како што рекоа тогаш од националното претпријатие, при планирањето на проектот, средствата за експропријација не биле испланирани.

Оваа делница сѐ уште не е пуштена во употреба, иако е завршена над 90 проценти уште во 2020 година. Објаснувањето е дека долгото градење на останатите 10 проценти од проектот, повеќе од три години, е поради нерешени имотно правни работи и бројни предмети во судски постапки, а дека во прашање се само неколку парцели. Изградбата на делницата „Скопје – Тетово – Гостивар“ беше започната пред седум години, но гас низ цевките и натаму нема.

Бирото за судски вештачења вообичаено врши проценки за експропријации на земјишта заради изградба на патишта и цевководи, штети настанати како резултат на неповолни временски услови, продажба и давање под закуп на недвижен државен имот, при пренос на концесии итн. Најзначајна извршена проценка на „Бирото“ во 2022 била за изградбата на пругата Куманово - Крива Паланка, која започна одново со потпишани нови договори со изведувачите.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година