(ВИДЕО) ТЕНЗИИ ВО СОБРАНИЕТО: Пратеник на ДУИ сакаше да го нападне Крмов?
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2023 18:26
Серија инциденти имаше денеска во Собранието, откако Левица се побуни за амандманите, а пратениците Борислав Крмов и Димитар Апасиев, фрлаа амандмани кон заменик претседателот Горан Мисовски.
Тие скршија монитор и микрофон. Пратеникот од ДУИ, Арбен Зибери, се обиде да го нападне Крмов од Левица, но меѓу нив се испречи претседателот на Собранието, Талат Џафери.
„Им порачуваме на амнестираните насилници од ДУИ дека времето на плашење на македонскиот народ заврши и дека нивните послушници ДПМНЕ и СДС се делегитимирани одамна во очите на македонскиот народ. Нови времиња доаѓаат и нова историја ќе се пишува во македонското Собрание“, велат од Левица.
Претходно, не беа прифатени нивните амандмани за измена на Деловникот за работа.
Апасиев со чевел удираше печат на амандманите.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




